за

Спасувачкиот хеликоптер на АДАК лета со био-керозин

Хеликоптерот што германскиот авто-клуб АДАК го користи да укаже брза помош е прв спасувачки хеликоптер во светот што леташе со био-керозин.

Познатиот клуб на возачи АДАК направи пресвртница во воздухопловството. Во Минхен, клубот го изведе првиот лет на спасувачки хеликоптер што користи керозин од обновливи извори.

Хеликоптерот од типот Airbus H145 полета од станицата за брза хеликоптерска помош на клилината Харлакинг во Минхен. Во проектот учествуваат уште францускиот производител на мотори Safran Helicopter Engines, производителот на хеликоптери Airbus Helicopters и мултиенергетскиот концерн TotalEnergies, од кого што потекнува био-керозинот.

Целта на компаниите е да бидат водечка сила во декарбонизацијата во воздушниот сообраќај, со развој и примена на алтернативни горива со коишто ќе се заменат обичните горива од фосилно потекло. Со користење на т.н. гориво SAF (Sustainable Aviation Fuel) се смалува емисијата на СО2 до 90 проценти. Биогоривата се добиени од биомаса, односно моментно се произведуваат од остатоци и отпад. Обично се користат отпадни масла и масти, така што не се нарушува прехранбениот синџир.

Конкретно за горивото што го користеше АДАК за пробниот лет, со 40% удел на биокерозин, емисијата на СО2 се смалува за 33 проценти. На годишно ниво клубот учествува во преку 50.000 спасувачки акции, во коишто се поминуваат 3,3 милиони километри, а атмосферата со новото гориво ќе се поштеди од околу 6.000 тони СО2.

Пилот проектот продолжува со цел да се стекнат подолгорочни искуства со биокерозинот. Законите моментно дозволуваат уделот на биокерозинот да достигне најмногу 50%, додека останатата половина е JET-A1. Планот е во иднина да се премине на 100% биогориво.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голфери можат да освојат BMW iX со погодок од прва

Škoda започна со производство на моделот за индискиот пазар