за

Голфери можат да освојат BMW iX со погодок од прва

Предизвикот се вика „Укради го автомобилот“ и првпат им нуди можност и на аматерите-голфери да освојат BMW со директен погодок.

Откако BMW во 1989 година го одржа првото меѓународно отворено првенство во голф под знакот на марката, голферите имаат можност со ас да освојат автомобил од BMW. Новината за годинава е тоа што и аматерите можат да ја испробаат својата среќа.

Првпат во 32-годишната историја на турнирот BMW International Open (24-ти до 27-ми јуни 2021) аматерите исто добиваат шанса да одиграат Hole-in-One и да освојат автомобил BMW. Моделот за којшто професионалните и аматерските голфери ќе си ја пробаат среќата годинава е комплетно нов во понудата на BMW – станува збор за електричниот кросовер iX, кој покрај погонот на струја поседува цела низа напредни технологии.

До 10-ти јуни, секој аматер што сака да учествува на турнирот треба да испрати видео со трик-погодок или со креативен удар на golfsport@bmw.com. Одделението за маркетинг потоа ќе решава кои кандидати ќе бидат поканети на турнирот. Натпреварот за професионалните играчи се состои во тоа што еден од 50 обиди на патеката со 17 дупки мора да биде ас. Во  случај на погодок следи награда BMW iX. Доколку во четирите кругови на турнирот, професионален играч не постигне ас, тогаш за BMW iX ќе се натпреваруваат аматерките и аматерите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач

Tesla ќе отвора ресторани во станиците со полначи

Спасувачкиот хеликоптер на АДАК лета со био-керозин