за

Tesla ќе отвора ресторани во станиците со полначи

Во кругот на станиците со полначи за електрични автомобили на Tesla ќе почнат да се отвораат ресторани, за побрзо да минува времето при полнење на батеријата.

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач

Полнењето на батеријата на електричните автомобили трае долго и тоа е една од главните пречки за поголем пробив на автомобилите со погон на струја.

Калифорнискиот производител Tesla наскоро ќе започне да ја реализира идејата да се отворат ресторани за брза храна во кругот на станиците со полчначи за електрични автомобили. Тоа е идеја што сигурно ќе им се допадне на возачите на електрични автомобили во сите земји во коишто Tesla има мрежа од полначи.

Шефот на Tesla, Илон Маск, во минатото повеќепати ја спомнуваше можноста да се отвори класичен американски патен ресторан во стилот на 50-те години на барем една станица со полначи во САД. Постапката во таа насока веќе е во тек. Tesla неодамна ги заштитила правата за користење на името Tesla, на логото T и на фонтот, за користење во гастрономската дејност.

Tesla уште пред неколку години побара градежна дозвола за станица со брзи полначи, во којашто ќе биде опфатен и ресторан, во Санта Моника. Станицата одамна е изградена, но без ресторанот. Производителот на електрични автомобили не мора самостојно да стопанисува со рестораните, туку може и да соработува со познати компании од гастрономијата.

Калифорнискиот производител нема да биде прв во браншата што ќе стане угостител. Volkswagen уште од 1970-те години произведува сопствени кари-колбаси. Во почетокот, тие беа наменети исклучиво за кантините и рестораните во кругот на фабриките, но „Currywurst“ денес може да се најде и во бројни супермаркети.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Zafira е добра база за кампување

Голфери можат да освојат BMW iX со погодок од прва