за

Opel Zafira е добра база за кампување

Преработката врз основа на Opel Zafira Life ја нуди таа погодност што може да се користи како возило за секој ден, коешто во слободното време се претвора во солидно возило за кампување.

Специјалистот за изработка на возила за кампување Crosscamp, којшто припаѓа на групацијата Hymer, го претвори транспортерот на Opel во практичен кампер. Цената е сосем на ниво за оваа сорта возила, но зарем уживањето има цена.

Opel Zafira Life по преработката во камп возило станува Crosscamp Flex или Crosscamp Lite, зависно од изведбата, и служи одлично како возило за секој ден, но и како возило за уживање во патувањето и во природата. Во возилото има вградено кујнски блок, ормани, шпорет и мијалник, што е доволно и за подолго време на независност од „индустрискиот“ начин на летување и минување на слободното време. Изведбата Lite е подостапна за 1.500 евра исе откажува од дел од спомнатите погодности, но и натаму е солиден кампер.

Со висината од 1,99 метар нема проблем со возилото да се влезе и во катна гаража. Камперот долг 4,95 метри одговара и за големи набавки, преселба, или едноставно акко семеен транспортер со многу место. Со доплата се нуди верзија со седум седишта.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Шпоретот се извлекува наназад, а се користи боца со 1,8 килограми гас за домаќинство. Од секоја страна има лизгачка врата за лесен пристап и практичност. Меѓу предните седишта се наоѓа ладилник од 13 литри.

Клупата лесно се претвора во двоен лежај, така што во просторот зад предните седишта се добива комотна спална со димензии 140 х 200 сантиметри. Уште два лежаи стојат на располагање во покривот што се извлекува нагоре. Горниот лежај е со димензии 120 x 200 cm, има и три прозорци за уживање во панорамата.

Цената во Германија изнесува 44.499 евра. Пазарот на кампери во време на пандемијата доживеа невиден бум, се бара возило повеќе.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест: Kia XCeed 1.5 T-GDi

Tesla одбележа поставување на 20-илјадитиот суперполнач

Tesla ќе отвора ресторани во станиците со полначи