за

Toyota со три светски премиери на салонот во Женева

toyota auris geneva

Toyota ќе одржи дури три светски премиери на својот штанд во Женева. Публиката на салонот покрај езерото Леман за првпат ќе ја види новата генерација на компактот Ayris, исто како и освежениот Aygo, а со спектакуларен концептен автомобил ќе се најави и враќањето на спортската легенда Supra во понудата на јапонскиот гигант.

Фабричката фотографија само грубо ги прикажува каросериските контури на новиот Auris, најавувајќи многу подинамичен стил отколку досега. Во третата генерација на Toyota Auris пристига и нов дволитарски бензинец, како основа за втората верзија со хибриден погон во гамата на моделот. Toyota веќе го остварува тоа што го најави лани во Франкфурт: Поголем избор од моделски изведби со електрифицирана погонска спрега, вклучувајќи и по две верзии со хибриден погон во гамата на одделни модели.

Светска премиера има и за фејслифтот на Aygo. Препознатливиот преден дел во таканаречениот X-Design е уште повеќе нагласен во новото моделско годиште. Инженерите ветуваат и подобрена управливост, за уште поголемо уживање во возењето на бестселерот во сегментот на градските автомобили.

Toyota го усовршува концептот на мобилноста на иднината, кој веројатно ќе биде масовно присутен на Токио 2020

Во рамките на визијата „Мобилност за сите“, Toyota на салонот ќе прикаже и неколку иновативни технички решенија, меѓу кои и семејството од трите електрични возила Concept-i. Овие возила ги исцрпуваат можностите на автомомното возење и венташката ингелигенција и се скроени за потребите на различни видови корисници во различни средини.

Големо внимание се очекува да привлече и студијата Fine-Comfort Ride од салонот во Токио, преку којашто дизајнерите ги истражуваат новите можности во просторното искористување на кабината што се отвораат со електричниот погон.

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

Toyota подготвува десет електрични автомобили за 2020

Toyota Camry се враќа на европскиот пазар?

Тест: Toyota Auris Hybrid Touring Sports

Овој модел на Toyota е шампион во гостопримливост

Toyota има фин концепт за комфорно возење за Токио

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

New York Auto Show: The Coolest Car Tech So Far

Цените на дизелите десеткувани по забраните за сообраќај во Германија