Цените на дизелите десеткувани по забраните за сообраќај во Германија

Веќе од крајот на месецов се очекува првите градови во Германија да започнат со воведување забрана за сообраќај за возила со дизел мотор при прекумерно загадување на воздухот. Овие ограничувања ги обесхрабруваат купувачите на стари дизели, соодветно на тоа паѓаат и цените на пазарот на користени возила.

Продолжуваат страдалничките денови за дизел моторот. По само неколку денови откако судовите им го потврдија правото на германските градови да воведуваат забрани за сообраќај при прекумерна аерозагаденост, цените на користените возила со дизел мотор паѓаат вртоглаво. Продавачите мораат да сметаат на многу пониска цена за своите стари возила со дизел мотор.

Прашање е дали воопшто ќе се најде купувач за тие возила, затоа што покрај високите давачки при регистрација поради високата емисија на штетни материи, идните сопственици на тие возила ќе мораат да очекуваат и забрана за сообраќај, во услови на прекумерна загаденост на воздухот. Дека не станува збор за наивен или козметички зафат, говори и фактот што забраната може да ги опфати и дизелите со норма Еуро 5.

Времето на стоење на плац е продолжено на четири месеци, тоа ги соборува цените

Според локалните статистики, просечното време на стоење на возилата со дизел мотор на германските плацеви за користени возила изнесува близу четири месеци. Цените продолжуваат да паѓаат, но и покрај тоа никој не сака да ги купи возилата. Пазарните аналитичари пресметале дека тригодишно возило со дизел мотор задржува само 52,6 проценти од вредноста на ново, што е за 3,4 проценти помалку отколку пред една година.

Вредноста на постарите возила со дизел мотор во следниот период ќе паѓа уште повеќе, дури и до 15 проценти. Експертите ценат дека на плацевите на германските дилери моментно лежат над 300.000 користени автомобили со дизел мотор и норма Еуро 5.

Почетокот на крајот на дизелот

Дизелот е притиснат од сите страни. Лизинг компаниите исто така ќе почнат да наплаќаат повисока месечна рата за дизелите, затоа што мораат да сметаат на потешкотии со продажбата на возилата по истекот на договорот. Тоа дополнително ќе го намали интересот на купувачите за возила со дизел мотор. На крајот и производителите ќе мораат да реагираат со намалување на производството на возила со дизел мотор. Големи дизели што ја задоволуват нормата Euro 6d во иднина ќе останат само во тешките теренци. Останатите патнички автомобили ќе возат со бензински мотори со филтер за честички, со хибриди или каква било форма на електрификација на погонската спрега.

Фабрика на Bosch во криза поради слабата продажба на дизелот

Дизелот сé помалку интересен за возачите во Европа

Германија за дизелите наплаќа до 47% поскапо осигурување

Брисел ги исклучува дизелите со Еуро 1 и Еуро 0

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Новите хибридни модели ќе ги потиснат дизелите од пазарот

Претходна објаваToyota со три светски премиери на салонот во Женева
Следна објаваHonda CR-V првпат добива хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here