за

Германија за дизелите наплаќа до 47% поскапо осигурување

осигурување дизел германија

Германските возачи на Mercedes A-Class со дизел мотор треба секоја година да плаќаат каско осигурување што е за двесте евра поскапо отколку за бензинец. Тоа важи за 5.000 километри годишно. Доколку се осигурува за 30.000 километри, разликата е 323 евра. Возењето дизел некогаш нема смисла.

Многумина ќе се присетат на епизодата од Топ Гир, кога Џереми Кларксон се обидува да осигура Bugatti Veyron. Осигурителните компании во светот имаат сопствени правила, кои не секогаш се разбирливи за возачите. Во Германија, на пример, осигурувањето на возило со дизел мотор може да биде поскапо до 47% отколку за истиот модел со бензински мотор. Во просек, „авто-нацијата“ плаќа за 13% повисока тарифа за дизелите.

Возачите на Mercedes A 160 CDI, за 5.000 километри годишно, просечно плаќаат за 201 евро или за 47% поскапо осигурување отколку сопствениците на истиот модел со бензински мотор, Mercedes A 140. Единствен исклучок е Volkswagen Polo 1.6 TDI, чиешто осигурување е за 1% поевтино отколку за Polo 1.2 TSI.

Германските осигурители ја оправдуваат повисоката тарифа со тоа што возилата со дизел мотор обично спаѓаат во поскапата категорија возила. Покрај тоа, возачите на дизел минуваат повеќе километри, што значи дека се зголемува и ризикот од незгода, а со тоа и осигурителната тарифа.

Маж, 46 години, службеник, без деца и сопствен стан, паркира на улица

Вреди да се погледне и профилот на возачот, односно факторите што се земаат предвид при одредувањето на висината на осигурителната тарифа: „Маж, 46 години, возачка дозвола од 1989 година, женет, службеник, нормална тарифа, без деца, без сопствен стан, паркирање на улица, користење за приватни цели – вклучувајќи превоз до работа, член на авто-клуб, прво возило, сопственик, нема казнени бодови…“

осигурување дизел германија

Доплатата од 201 евра за дизелот се однесува доколку возачот минува 5.000 километри годишно. Во случај возилото да се осигура за 30.000 километри годишно, тарифата расте соодветно на 323 евра.

Некогаш треба да им бидеме благодарни на нашите осигурителни компании.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 10 Најпродавани електрични автомобили во Европа

bmw x7 pretserija

BMW X7 ѕирна од фабричката хала во Спартанбург