Во фабриката во Спартанбург започна производството на претсериските примероци од идниот BMW X7. Големите теренци маскирани ја напуштаат фабриката во САД, светот отсега ќе ги следи како јурат по најпредизвикувачките тркачки патеки и најтешките климатски средини.
Започна одбројувањето до стартот на новиот теренец на Баварците. BMW X7 ќе се појави кон крајот на 2018 година, дотогаш преостанува претсериските примероци да ги завршат сите тестирања, вклучувајќи и возење во екстремни услови. Тоа меѓу другото подразбира тест-возења во Долината на смртта, како и по скандинавските мразеви.
BMW X7 беше најавен со Concept X7 iPerformance на салонот во Франкфурт
Вклучувајќи го новиот BMW X7, од фабриката во Спартанбург во иднина ќе излегуваат дури пет X-модели. Идниот знаменосец во понудата од теренски модели ќе се произведува на иста монтажна лента со X5 и X6. Лани во фабриката во САД беа произведени над 411.000 теренски возила на BMW, со што таа е најголема фабрика во рамките на групацијата.
Повеќе од две третини од произведените возила се извезуваат во 140 држави. Според американското министерство за трговија, групацијата BMW е најголем извозник на возила во САД, гледано според вредноста на извозот. Максималниот производствен капацитет изнесува 450.000 примероци годишно.
Во Спартанбург дневно се произведуваат околу 1.400 примероци од моделските серии BMW X3, X4, X5 и X6. Од отворањето на фабриката во септември 1994 година, произведени се околу 3,9 милиони автомобили.
[FAG id=29621]

















