Овој модел на Toyota е шампион во гостопримливост

toyota jpn taxi

Јапонската гостопримливост е легендарна. Дел од неа сега може да се доживее во новото JPN Taxi. Специјалното такси-возило на Toyota е создадено да понуди практичност и комфор за сите, особено за странците.

Светскиот број 1 во авто-браншата ќе ја претвора Јапонија во туристички ориентирана земја, токму преку масовната застапеност на JPN Taxi. Планираната месечна продажба за јапонскиот пазар изнесува 1.000 примероци.

toyota jpn taxi_04

Во автомобилот сé е подредено на практичност и комфор, од рачките на вратите, преку широката лизгачка врата отстрана, до нискиот и рамен под во кабината. Формата е онаа што цел свет ја препознава како такси, на лондонското такси, со темна индиго боја (коиаи) на каросеријата, како традиционална боја на Јапонија.

Таксито на Toyota вози со хибриден погон, автогасот дополнително придонесува за почист издув

Погонот не може да биде друго освен хибриден, во комбинација со 1,5-литарски мотор кој користи автогас како гориво и постигнува потрошувачка од 5,2 литри според локалните стандарди.

toyota jpn taxi_02

Toyota се повикува на долгата традиција во изработка на такси возила, којашто датира уште од Toyota Model AA од 1936 година. Во средината од 1950-те години се појавува и Toyopet Super RH, кој во следните неколку децении ќе биде присутен во уличната слика во јапонските градови.

toyota jpn taxi_03

JPN Taxi ќе биде изложен на штандот на Toyota на салонот во Токио, а нема да отсуствува ниту од возниот парк што јапонскиот производител го подготвува за гостите на Олимпијадата во Токио во 2020 година.

Претходна објаваTesla ќе произведува во Кина, Трамп им доаѓа во посета
Следна објаваНема место за нови автомобили во Сингапур

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here