Новата арена во Токио ќе го носи името Toyota

На површина од 27.000 метри квадратни, во Токио се гради арена на седум катови, со место за 10.000 посетители. Tоyota долги години се залага за спортот и именувањето на објектот во центарот на Токио во Тојота Арена Токио е круна за сите досегашни активности на производителот на автомобили во поддршка на спортот.

Во срцето на јапонската претолнина се гради новата Тојота Арена Токио. Повеќенаменскиот објект за спортски натпревари и јавни собири е сместен во Одаиба, населба во токискиот залив. Се очекува изградбата да заврши наесен во 2025 година.

Автомобилската корпорација Toyota е инвеститор, и заедно со Toyota Fudosan (трговија со недвижнини) и со корпорацијата Toyota Alvark Tokyo Corporation ги обезбеди правата за името.

Арената се наоѓа на градежен плац со површина од околу 27.000 метри квадратни. На шест надземни катови и еден подземен кат, има место за 10.000 посетители.

Под мотото „Заеднички да ги откриваме потенцијалите“, новата арена е замислена како место на коешто во соработка со сите партнери ќе може да се изведува најширок спектар на активности, посебно од подрачјата на спортот, мобилноста и одржливоста.

Преку изградбата и именувањето на објектот, Toyota ќе ја искаже својата благодарност за спортот и за атлетите, коишто редовно ги надминуваат границите и на тој начин на општеството му даваат храброст и енергија. Потенцијалот на проектот, од Токио ќе се прошири на цела Јапонија и низ светот.

Во комуникацијата со јавноста ќе се користи лого на арената, коешто е спој на силуетата (овалот) на главната арена и на детал од фасадата. Со овој дизајн се укажува на многубројните можности што арената ќе ги нуди во иднина.

Претходна објаваНова и стара вештина на Volkswagen: Електрична лимузина достојна за GTI
Следна објаваJaguar отвори станица со 180 полначи за електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here