Тојота со четири олдтајмери и еден ЛФА на Миле Миља

Тојота низ историјата го користеше европскиот пристап на усворшување на своите автомобили преку искуствата во мотоспортот.

Краун РС од првата генерација, Спортс 800, Тојота 2000 ГТ, Супра ЈЗА80 и Лексус ЛФА се тркачката постава на Тојота за новиот настан што се одржува во рамките на Миле Миља.

Корпорацијата Тојота ќе учествува на првата 1000 Миља Гран Туризмо Експериенс 2026, што се одржува во следните пет денови, во италијанска Бреша.

Легендарната трка 1000 Миља првично се одржуваше во Италија во периодот од 1927 до 1957 година, по јавните патишта низ земјата, со намера да се прикаже технолошкиот напредок на возилата, нивните перформанси, трајноста и безбедноста. Се возеа 1000 милји, околу 1.600 километри, низ најсликовитите краишта на Италија, поради што трката се цени како „најубавата трка во светот“.

Во таа чест, денес се вози издание за одбележување на историската трка, со автомобили произведени од 1927 до 1957 година. Миле Миља секако претставува еден од врвовите во европската автомобилска култура.

Во рамките на Миле Миља се одржува и посебен настан што се води како Гран Туризмо Експериенс, каде што Тојота ќе учествува како прва јапонска марка. Овој настан е нов и го организираат Полифони Диџитал Инк, познати како автори на серијата тркачки симулации Гран Туризмо. Намерата е да се прошири кругот на автомобили што возат во чест на историската трка.

Главниот „тркач“ на Тојота е првата генерација на Краун, којашто во јануари лани одбележа 70-годишнина.

Петте историски возила на Тојота на првото Гран Туризмо Експериенс

  • Тојота Краун РС од 1955 година

Краун РС од првата генерација стартуваше со продажба во Јапонија во 1955 година, како прв патнички автомобил што целосно беше произведен во земјата. Во 1956 година, лимузината мина 50.000 километри од Лондон до Токио, за осум месеци. Во следната година, Краун стана прв јапонски автомобил што се натпреваруваше на големото Австралиско Рели.

  • Тојота Спортс 800 Модел УП15

Лансирана во април 1965 како прв спортски двосед на Тојота, таа користеше основа од Публика Спортс и располагаше со аеродинамична каросерија. Двоседот победи на својата прва трка, на клупското првенство за јапонски автомобили во 1965 година, а победи и на првата Сузука 500 во 1966 година, минувајќи 500 километри без долевање гориво.

  • Тојота 2000ГТ МФ10Л

Развиена со цел да се создаде вистински гран турер од светска класа. Во 1966 година, 2000ГТ привлече внимание поставувајќи три светски рекорди и 13 интернационални рекорди во брзина. Во Јапонија, ГТ-то постигна еден-два победа на 24 часа Фуџи, претходничка на денешната серија Супер Тајкју.

  • Тојота Супра ЈЗА80

Супра ЈЗА80 беше отелотворение на новата визија за спортски автомобил како „Спортот на Тојота“, нудејќи врвни перформанси, но и чист издув и безбедност. Таа воедно се поврзува со корените на Моризо, главниот развоен возач на Тојота. Супра постигна впечатлив успех во ЈГТЦ, сегашна Супер ГТ.

  • Лексус ЛФА

Лексус ЛФА беше осмислен како врв во „емоциите и сензацијата“, произлезен од уживањето во возење, како клучна одлука на серијата Ф, и секако, врвен спортски модел на премиум марката Лексус. Развојот во голем дел се одвиваше на Нирбургринг, под раководство на Хироми Нарусе, тогашен тест возач на Тојота. ЛФА победи во пет класи на 24 часа Нирбургринг.

Тојота Ц-ХР+ · Тест · Тојота задоцнила со електричните автомобили?

Претходна објаваМерцедес-Мајбах отвори ателје во Варшава, прво во Европа
Следна објаваТриесет електрични лимузини на Донгфенг на патување од илјада милји низ Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here