Toyota ќе понуди хибридна верзија и од малечкиот Aygo

Со хибридниот погон, Aygo ќе постигнува рекордно ниска емисија на СО2

Јапонскиот производител Toyota во иднина ќе го понуди хибридниот погон и во својот најмалечок модел Aygo. Моментно најмал модел со штедливиот погон е Yaris Hybrid.

Целта на Toyota е во следните години да го понуди хибридниот погон во сите сегменти, но услов за негово воведување и во мини-класата е натамошно намалување на трошоците. Од новите технологии што ќе се воведуваат во хибридниот погон во насока на намалување на потрошувачката на гориво во иднина ќе профитираат и моделите со конвенционални мотори, како и возилата со погон на водород коишто ги користат електромоторите и контролната електроника од хибридите на Toyota.

Термичката ефикасност на хибридниот погон во следната генерација на модели ќе се зголеми на 40 проценти. Актуелниот Prius во тој поглед постигнува термичка ефиканост од 38,5 проценти. Пионерскиот хибриден модел на Toyota во следната генерација ќе троши уште помалку, но ќе поседува и подинамични возни својства. За тоа ќе придонесе и новата платформа TNGA, меѓу другото и со пониското седење во возилото. Оваа платформа ќе ги намали и производствените трошоци за 20 до 30 проценти, оставајќи му на тој начин на јапонскиот производител повеќе простор за воведување на иновативни технологии и усовршување на постоечките.

Претходна објаваMercedes ML станува Mercedes GLE
Следна објаваКина има најмлади возачи на класата Ѕ на Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here