за

Toyota целосно се префрлува на дизели од BMW

Toyota е марка што најмногу се заложила за хибридниот погон, но и дизелските мотори не смее да се запостават. Место да развива сопствени дизели, марката во иднина ќе се потпира на помошта од BMW.

По пионерскиот чекор со Verso 1.6 D-4D, во блиска иднина ќе следуваат уште многу други модели на Toyota под чија што хауба ќе работи баварско срце. Компактниот ван беше прв модел штo ги искористи придобивките од новото партнерство со BMW, со 1,6-литарскиот дизел со 110 КС преземен од Mini Cooper D. Германските дизели ќе им помогнат на Јапонците да ја спуштат емисијата на СО2 на дозволеното ниво, без притоа да се жртвуваат перформансите.

Тоа што можеше да се претпостави по чекорот со Verso, сега и официјално е потврдено од одделението за развој и истражување на Toyota во Европа: Повеќе други модели на Toyota во иднина ќе го користат 1,6-литарскиот дизел на BMW, вклучувајќи ги компактот Auris и кросоверот RAV4. Покрај овој мотор, јапонската марка ќе го користи и поголемиот дизел на BMW, со зафатнина од 2,0 литри. Новите дизели постепено ќе се воведуваат во понудата на Toyota, што ќе придонесе да се зголеми продажбата на европскиот пазар, каде што интересот за хибридните модели на марката уште заостанува зад пазарите во САД или во Азија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фејслифт на Ford Focus во стилoт на Fiesta и Mondeo

Отворен новиот музеј на Енцо Ферари во Модена