Одделението за мотоспорт Toyota Gazoo Racing ќе биде спонзор на електронското издание на светското првенство во рели WRC. Актуелната WRC 8 ќе се одржува под покровителство на спортскиот тим на Toyota, исто како и следната серија, базирана врз видео-играта WRC 9 што е најавена за септември.
Учесниците во електронското издание на светското првенствно во рели отсега ќе имаат уште посилен мотив за победа. Во соработка со Nacon, фирмата што е издавач на официјалната видео-игра, победникот во eWRC ќе освои нов Toyota GR Yaris.
Овој градски тркач е развиен со учество на одделението за мотоспорт на Toyota и користи технологии што се испробани и докажани во шампионатот во рели. Екстремниот спортист во гамата на новиот Yaris располага со нов 1,6-литарски турбо бензинец со 261 КС, со кого спринтот до темпо сто трае 5,5 секунди.
Шампионатот eSports WRC привлекува сé повеќе натпреварувачи, кои го прифаќаат предизвикот да се натпреваруваат во светски рамки. Тековната, петта сезона, завршува во октомври. На големото финале ќе се прогласи севкупниот победник и освојувач на наградата во форма на Toyota GR Yaris. За повеќе детали за натпреварот: https://www.wrc.com/en/more/gaming/esports-wrc/.