Новите чипови на Toyota ја подобруваат штедливоста на хибридниот погон во Prius за 10 проценти, користејќи еден од најтврдите материјали во природата по дијамантот.
Toyotaразви нови полупроводнички чипови во соработка со своите партнери, коишто користат силикон карбид и наменети се за вградување во контролните единици за електричниот погон. Јапонската компанија планира да започне со тестирање на новата технологија во секојдневни услови на возење најдоцна за една година.
Чиповите се изработени од карбид – еден од најтврдите материјали во природата – и располагаат со супериорни карактеристики, како една десетина загуба во електричната моќност и 10 пати повисока брзина на работа. Според инженерите на Toyota, чиповите ќе овозможат контролната единица за електричнот погон да се намали за околу 80 проценти.
На почетните тестирања е постигнато намалување во потрошувачката на гориво за 5 проценти. Новата технологија ќе почне да се користи во хибридните автомобили на Toyota во 2020 година. Карбидните чипови, во комбинација со натамошно усовршување на моторната технологија и на аеродинамиката, се клучни чекори во развојот на хибридната технологија што Toyota ја примени за прв пат во сериски автомобил пред 17 години.
![]()
















