Toyota го враќа неуништливиот Land Cruiser 70 во салоните

Toyota го претстави Land Cruiser 70 во 1984 година. Коцкастиот теренец до ден денес се произведува во некои земји, но не и во Јапонија. Тоа ќе се смени. LC 70 се враќа во јапонските салони на 30-от роденден.

Уште во текот на оваа година јапонските дилери на Toyota повторно ќе го добијат Land Cruiser 70 во своите продажни салони. Носталгијата на Јапонците за неуништливиот автомобил што никого не оставил на цедило се јави на 30-от роденден на LC 70. Toyota очекува месечна продажна од по 200 примероци од старо новиот теренец, којшто повторно ќе биде достапен во стандардна и пикап каросериска изведба со четири врати. Под хаубата работи релативно модерен 4,0-литарски V6 со технологија VVT-i и со моќност од 231 КС. Менувачот е петстепен мануелен.

Исто како примероците од Land Cruiser 70 што уште се продаваат на австралискиот и дел од азиските пазари, јапонската верзија ќе има нос што делумно ќе се разликува од оригиналот од 1980-те години.

toyota land cruiser 702

Претходна објаваВака изгледа внатрешноста на новата Skoda Fabia
Следна објаваПред 30 години: Победничкиот поход на Peugeot 205 Turbo 16

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here