за

Toyota ќе го извезува Yaris во Северна Америка

Yaris e првиот модел на Toyota од европска продукција што ќе се извезува преку големата бара. Во неопходните модификации на возилото Јапонците инвестираа 10 милиони евра.

Во фабриката на Toyota во францискиот Валенсиен почна да се произведува Yaris за извоз во Северна Америка. Јапонскиот производител ќе произведува околу 25.000 примероци од малечкиот автомобил во неговата франуска фабрика, кои што ќе се испорачуваат за САД, Канада и Порторико. Ова е првиот модел на Toyota од европска продукција што ќе се извезува во Северна Америка. За Yaris да се приспособи според специфичните норми на новите пазари, Toyota инвестираше десет милиони евра во фабриката во Северна Франција. Со тоа, бројот на пазари на кои што се продава францускиот Yaris порасна на повеќе од 40 држави.

Toyota Yaris е првото возило произведено во Франција, чие што француско потекло се потврдува со етикетата „French Origin Guaranteed“. Овој сертификат се користи за идентификација на производите чија што вредност е со француско потекло со повеќе од 50 проценти. Тоа ќе овозможи Yaris да се продава првенствено во канадската провинција Квебек, која што претежно е од француско говорно подрачје и учествува во продажбата на возила во Канада со повеќе од 65 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Користено возило • Chrysler PT Cruiser

BMW ја дотера серијата 5 за новата моделска година