Најголемиот производител на автомобили во светот ја заврши деловната година со нето добивка во висина од 7,4 милијарди евра. Тоа е повеќе од трипати во споредба со претходната деловна година.
Јапонскиот економски журнал Nikkei вчера објави дека предвидува Toyota да постигне профит од речиси десет милијарди евра. Оваа бројка сепак ќе се достигне во тековната деловна година, од една страна поради растот на продажбата во Америка и во дел од азиските земји, а од друга страна поради големиот пад на вредноста на јапонскиот јен во споредба со доларот и еврото.
Во тековната деловна година Toyota ќе ја зголеми продажбата за 229.000 примероци, со што вкупната продажба ќе изнесува 9,1 милиони возила, а тоа на марката повторно ќе ѝ го обезбеди првото место во браншата.