Toyota претстави нова генерација мотори

Откако започнаa да ги поставуваат своите модели на новата платформа TNGA, Јапонците преоѓаат на следниот чекор, на срцето на автомобилот. Нови мотори со зголемена моќност и намалена потрошувачка ќе пристигаат во моделите на Toyota. Прв е 2,5-литарскиот мотор со 205 КС за новиот Camry. Заедно со моторите пристигаат и нови автоматски менувачи со десет степени. Профитираат и хибридите.

Пионерот на хибридниот и на водородниот погон не ги запоставува моторите со внатрешно согорување. Toyota ја претстави новата генерација мотори, со намалена потрошувачка и зголемена моќност, во комбинација со исто така нова генерација менувачи. Неколку подобрувања има и во хибридната погонска спрега. Првиот мотор од новата генерација ќе стартува веќе в година, за главнината од моделската понуда да биде префрлена на новите мотори до 2021 година.

Новиот пристап во развојот на моделите на Toyota веќе функционира во Prius IV

Новите мотори се дел од Новата Глобална Архитектура на Toyota или TNGA, како платформа што јапонскиот гигант ја разви за значително подобрување на управливоста и комфорот на своите модели. Со пониската хауба и пониското тежиште на возилата им се отвора нов простор за игра на дизајнерите. Прв модел изработен врз платформата TNGA е четвртата генерација на хибридот Toyota Prius.

Откако ја среди „основата“, Toyota сега му се посветува на срцето на автомобилот, на погонската спрега. Информациите за новите мотори засега се воопштени и меѓу другото наведуваат моќност зголемена за десет проценти и потрошувачка намалена за 20 проценти. Практично секој дел во моторите е преработен, вклучувајќи електронска контрола на протокот во пумпата за масло или на термостатот за течноста за ладење во моторот.

Рекордна ефикасност од 40 проценти на новиот четирицилиндарец од 2,5 литри

Како краен резултат од целата низа подобрувања, новиот 2,5-литарски бензинец постигнува степен на ефикасност од 40 проценти, што е меѓу најдобрите вредности во браншата. За преносот на силата се развиени нови автоматски менувачи со компактна градба и лесна конструкција, со осум и десет степени на пренос. „Помалиот“ менувач е наменет за моделите со попречно вграден мотор во компакт класата, додека десетстепениот автоматик ќе има премиера во купето Lexus LC 500h и според тоа ќе се вградува во поголемите модели, со надолжно вграден мотор, вклучувајќи го и новиот LS. Нов менувач со континуирано променлив преносен однос исто така е во развој.

Toyota TNGA: Нов автоматски менувач со 10 степени

На возачите на кои им пречи „завивањето“ на менувачот CVT, во иднина повеќе ќе им одговара најавениот хибриден модел во комбинација со автоматски менувач, со десет степени на пренос. Плагин или приклучните хибриди, во иднина исто така ќе имаат поширока застапеност во понудата од модели на Toyota, со што јапонската марка се придружува на трендот на пазарот. Моделите со хибриден погон во комбинација со новиот 2,5-литарец ќе имаат автономија при погон на струја до 60 километри.

Премиера на 2,5-литарскиот бензинец во новата генерација на Camry

Првиот мотор од новата генерација ќе стартува во Camry којшто ќе има премиера веќе во следниот месец, во Детроит. Четирицилиндарецот од 2,5 литри, со директно впрскување на горивото и приспособлива работа на брегастите вратила, ќе располага со 205 КС и 250 њутнметри, односно со 177 КС и 220 њутнметри во верзијата со хибриден погон.

До 2021 година, Toyota ќе има понуда од девет нови мотори во 17 верзии, четири менувачи во десет верзии – вклучувајќи една верзија со CVT, како и шест хибридни системи во десет верзии. За пет години, најмалку три петини од сите продадени автомобили на Toyota и Lexus во Јапонија, Кина, Европа и САД ќе располагаат со новиот погон, којшто меѓу другото ќе ја намали емисијата на СО2 на целиот возен парк на јапонскиот производител за околу 15 проценти.

За дизелот очигледно нема место во плановите на Јапонците. Сосема разумно.

[FAG id=26715]

Претходна објаваОвој сообраќаен знак го читаат автономните возила
Следна објаваСтаклените кули на Volkswagen лансираат 500 нови автомобили дневно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here