Повторно истата марка победи во извештајот за квалитет на Auto Bild. Откако водечкиот европски магазин ја доделува наградата од 2001 година, Toyota победува шест пати.
Решавачки фактор за пласирањетo на Toyota на првото место според квалитетот меѓу најпродаваните 20 марки на германскиот пазар се оцените добиени при техничкиот преглед на возилата на марката. „Без разлика за која класа на старост и за кој модел станува збор, Тoyota секогаш е меѓу првите десет кај TUV“, пишува магазинот. Вкупно 15 модели на Toyota во петте испитувани класи на старост постигнуваат пласман меѓу десетте најдобри и со тоа се докажуваат како најиздржливи модели во одредените годишта.
Освен оцените од здружението за технички преглед TUV, во извештајот за квалитет влегуваат и резултатите од супертестовите на Auto Bild. Во долготрајното тестирање на возилата на повеќе од 100.000 километри, моделите на Toyota редовно ја докажуваат издржливоста. Prius извозе повеќе од 160.000 километри без каков било дефект. Покрај тоа, преку 9.000 возачи во анкетата го искажаа своето задоволство од возилата од марката, при што со 8,4 бодови за квалитет Toyota и во оваа рубрика се наоѓа меѓу најдобрите. Во крајната оцена влегуваат уште бројот на сервисните повици, резултатите од тестовите на сервисните работилници, како и писмата од корисниците до редакцијата на магазинот.