Toyota повикува во сервис 1,9 милион примероци од Prius

Хибридната ѕвезда на Toyota има проблем со електрониката. При повеќекратно силно забрзување може да се преоптовари електрониката за регулирање на хибридниот погон.

Во случај на преоптоварување, Prius од третата генерација работи во помошна програма со намалена моќност, а предупредувачките светилки во инструмент таблата го информираат возачот.
Како решение инженерите на јапонскиот гигант ќе користат обновен софтвер, во бесплатна сервисна постапка што трае само половина час. На глобално ниво Toyota има регистирано околу 400 вакви случаи, а во Европа само единаесет случаи меѓу 140.000 продадени примероци во периодот од јануари 2009 до февруари 2014.

Претходна објаваЗошто користените автомобили станаа толку евтини?
Следна објаваMercedes бара дополнителна фабрика за класата А

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here