Volkswagen се израдува прерано. Во последен момент Toyota го претрка германскиот гигант за само 90.000 возила и ја задржа титулата на најголем производител во светот.
Јапонскиот производител и во оваа година ја одбрани титулата на број 1 во светот, со минимална предност пред Volkswagen. Во минатата година, Toyota продаде 10,23 милиони возила, а Volkswagen 10,14 милиони автомобили. Разликата изнесува само 90.000 возила односно само околу десетина проценти од месечната продажба на обата гиганта. Volkswagen сепак ќе има голема шанса конечно да ја презеде титулата на најголем производител на автомобили веќе во оваа година. Поради влошените услови на јапонскиот пазар, Toyota ги намали очекувањата од продажбата за 2015 година. Според тоа, на Volkswagen ќе му биде доволен и минимален раст во продажбата за да го преседе тронот од Toyota.
Продажбата на автомобили на јапонскиот пазар опадна за девет проценти во минатата година и производителите предвидуваат дека трендот ќе се задржи и во оваа. Причина за намалената продажба на важниот јапонски пазар е зголемувањето на данокот на додадена вредност. Околу 20 проценти од продажбата на Toyota отпаѓаат на домашниот пазар. Јапонците очекуваат во 2015 година да продадат 10.15 милиони возила, вклучувајќи ги Lexus и марката комерцијални возила Hino.
General Motors ја заврши годината со 9,9 милиони возила и не успеа да им се придружи на конкурентите да ја пречекори волшебната бројка од десет милиони.
















