за

Toyota е највредна автомобилска марка – повторно

Во последното рангирање на стоте највредни марки во светот, Toyota и натаму е на првото место меѓу автомобилските марки, пред Mercedes и BMW.

Највредна марка воопшто е гигантот за потрошувачка електроника Aplle, кој напредуваше од второто место во 2012 година и ја симна сега третопласираната Coca-Cola од првото место, додека на второто место е Google. Во истражувањето спроведено од Intrabrand, марките се рангираат според финансиите, маркетингот, конзистентноста, релевантноста и следењето на интересот на купувачите.

Редоследот на останатите марки во Топ 10 е сличен со резултатот од минатата година, со IBM, Microsoft, General Electronics, McDonald’s, Samsung, Intel и Toyota. Јапонскиот автомобилски гигант ја задржи десеттата позиција од лани. За прв пат во листата влегува Chevrolet, на 89-то место, како прва марка на General Motors што е рангирана меѓу стоте најдобри во 14-годишното рангирање според Interbrand.

Од автомобилските марки следат Mercedes, на 11-то место и BMW на 12-то место, Honda (20), Volkswagen (34), Ford (42), Hyundai (43), Audi (51), Porsche (64) и Nissan (65). Голем напредок постигна Kia, со искачувањето од 87-то на 83-то место, додека Ferrari ја заокружува листата на највредни автомобилски марки на 98-то место, една позиција повисоко од лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Opel Insignia Country Tourer: Теренец не е потребен

Салонски нов Chevrolet стар половина век !?