за

Toyota ги прави семафорите попаметни

Јапонците тестираат систем за безбедност кој комуницира со семафорите и треба да ги спречи сударите со оптичко и акустично предупредување на возачот за црвеното светло на семафорот.

Тестирањето е во тек во јапонскиот Тојота Сити, каде што по должината на цела една улица се поставени сензори и предаватели. Сигналите од семафорите се пренесуваат до пробните уреди во возилата на фреквенција од 700 мегахерци. Предупредувањето се слуша преку звучниците на возилото, а потоа и на дисплејот на уредот за навигација. Toyota очекува дека покрај безбедноста, придобивка од новиот систем ќе следува и во поглед на намалувањето на емисијата на СО2, затоа што возачот навреме ќе биде известен дека семафорот е на црвено.

Автомобилскиот гигант развива системи за асистенција со поддршка на јапонската полиција и на здружението за универзално управување со сообраќајот. Во минатата година, Toyota тестираше систем кој има функција на спречување на судир при свртување десно на крстосница.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VW Beetle GSR: Пчеличката Маја

Maserati Levante: Наидуваат тешки денови за Porsche Cayenne