за

Touring Berlinetta има сé – само нема кој да ја произведе

Во каросериската работилница Touring Superleggera се убедени дека сé што се нуди на пазарот на суперболиди е преполно со електроника. Нивното возило е чисто. Потребен е само уште партнер да даде мотор за возилото.

Каросериската работилница Touring Superleggera го разви концептниот автомобил Touring Berlinetta, кој е подготвен да влезе во производствените сали. Проблемот е во тоа што Италијанците бараат партнер за соработка од автомобилската индустрија што ќе ја даде механиката за спортскиот автомобил.

Touring-Berlinetta-1

Двоседот со најсовршени пропорции, какви што можат да создадат само италијанските авто дизајнери, користи минимум електроника. Фирмата планира со Touring Berlinetta да ги привлече купувачите што очекуваат спортски автомобил со чиста механика, без помош од електронски системи за асистенција. Со комбинирање на алуминиум и карбон во конструкцијата, возилото тежи само 1,4 тон.

Моторот мора да е соодветно спремен за оваа средина. Италијанците посакуваат мотор V6 или V8 со околу 400 КС под издолжената хауба, од кого силата ќе се пренесува на задната оска преку карданско вратило.

Bellagio Fastback влезе во производство во Maserati

Засега е неизвесно дали прекрасниот спортски автомобил ќе доживее производство во мала серија, но постојат преговори со неколку производители. Carrozzeria Touring е фирма од Милано со долга традиција во автомобилската бранша. Фирмата е основана во 1926 година и се врати во живот пред шест години како Touring Superleggera. Една од поновите нивни креации што доживеаја производство е стилското комби Bellagio Fastback, врз основа на Maserati Quattroporte.

Maserati Bellagio Touring Fastback
Maserati Bellagio Touring Fastback

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes подготвува кросовер на основа на Renault Captur

Фејслифт за Kia Sportage: Нови материјали и нова опрема