за

Toshiba се повлекува од глобалниот пазар на телевизори

Јапонските електронски гиганти се во криза. Евтината конкуренција и слабиот пазарен растеж го зедоа данокот. Toshiba ги трпи последиците и се повлекува од глобалниот пазар на телевизори.

Јапонскиот концерн за електроника Toshiba се повлекува од меѓународниот бизнис со телевизори поради тешката пазарна ситуација. Во рамките на преструктурирањето на одделението за телевизори и видеоуреди прво прекинува производството и дистрибуцијата во САД. Од март, лиценцната продукција на телевизорите на Toshiba за американскиот пазар ќе го преземе тајванскиот производител Compal Electronics.

Потоа следува повлекување и од останатите пазари. Моментно се преговара со идните носители на лиценца, а резултатите од тоа може да се очекуваат во април. Извршниот претседател Меизо Маеда потврди дека „во странство повеќе нема да го работиме бизнисот со телевизори.“ Наспроти тоа, производството за јапонскиот пазар ќе продолжи.

Причина е силната конкуренција и рапидниот пад на цените во телевизискиот сегмент. Toshiba претходно се обиде со ексклузивни модели и намалување на трошоците, како и на бројот на вработени. Поради острата конкуренција и слабиот растеж на пазарот, претпријатието сепак реши да го претструктурира специјалното одделение и да се збогува со меѓународниот пазар.

Toshiba не е единствена во тоа. Откако во септември минатата година Sharp му го препушти лиценцното производство во Европа на словачкиот производител UMC, во октомври следуваше уште еден јапонски гигант. Panasonic му го препушти бизнисот во САД од фирмата ќерка Sanyo на Funai, којшто сега ги произведува телевизорите на Sanyo за трговскиот синџир Walmart. Претходно и Panasonic се откажа од плазма телевизорите.

Проблеми во бизнисот со телевизори има и Sony. По континуираната загуба, концернот го издвои специјалното одделение за телевизори во фирма-ќерка, но уште не се спомнуваат планови за продажба. По повеќегодишна загуба и санирања, се чини дека Sony сепак ќе успее да се извлече од кризата. Но, концернот има други проблеми, на пример, во мобилните телефони.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пред шведското рели: Шест минути борба со снегот и мразот

Купување користено возило: Листа на проверки на Automedia