Tesla повторно сече германска шума, фабриката во Берлин се проширува

Фабриката на американскиот специјалист за електрични автомобили Tesla во Гринхајде, во близина на Берлин, викендов започна со сеча на шума, за да ослободи простор за проширување на капацитетите. Тоа е дел од плановите на Tesla за натамошно зајакнување на своето присуство на европскиот пазар.

Производителот на електрични автомобили Tesla поднел барање за да му се дозволи проширување на магацинските и логистички капацитети во фабриката во Гринхајде. Подготовките за тоа се веќе започнати и масовно се сече шума на површина од 70 хектари.

Министерот за економија на сојузната покраина Бранденбург, Јерг Штајнбах, на твитер напиша дека е „задоволен што Tesla се проширува“, додавајќи и дека „покраината се развива во центар на модерната мобилност.“ Засега не се спомнуваат податоци околу проширувањето на фабриката.

За доградбата на фабриката е неопходна дозвола од надлежните институции за заштита на животната средина, како и средби со претставници на локалните жители. Мештаните се жалат дека фабриката користи премногу вода и го загрозува опстанокот на дивиот свет.

Компанијата претходно ги најави плановите за проширување на фабриката за околу 100 хектари, коешто ќе опфати проширување на железничкиот терминал и изградба на нови магацински хали. На тој начин ќе се подобрат железничките врски на фабриката и ќе се зголемат магацинските залихи.

Свечено отворена фабриката на Tesla во Берлин

Претходна објаваPeugeot 205 turbo 16 потсетува на златните времиња на релито
Следна објаваМатеријал за батерии се копа по океанското дно, не се знаат последиците

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here