за

Свечено отворена фабриката на Tesla во Берлин

Новата фабрика на Tesla во близина на Берлин е отворена. На свеченоста присуствуваа шефот Илон Маск и германскиот канцерлар Олаф Шолц.

По две години од почетокот на изградбата, американскиот концерн Tesla ја отвори својата прва фабрика за електрични автомобили во Европа, во местото Гринхајде, на дваесетина километри оддалеченост од Берлин.

Шефот на Tesla, Илон Маск, допатува во својата гигафабрика во Гринхајде, за првите електрични автомобили Tesla од германско производство да им ги предаде на клиентите. Фабриката во којашто се вложени милијарди евра во иднина ќе вработува 12.000 лица и има цел годишно да произведува по 500.000 автомобили.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, цени дека „Електромобилноста ќе биде главното обележје на мобилноста во иднината“. Проектот докажува и дека „Германија може да биде брза“. За сојузниот министер за економија Роберт Хабек, „ова е посебен ден во пресвртницата на мобилноста.“ Политичката елита оценува дека Tesla се решила да ја изгради својата прва европска фабрика во Германија, затоа што компанијата очекува земјата да биде водечки пазар за електромобилноста. Тоа е воедно и цел на државната политика.

Министерот за економија се радува за силниот поттик што се дава за откажувањето од нафтата. Основачот на Tesla, Илон Маск, говореше дека климатските промени може да се спречат. Оваа фабрика е голем чекор во таа насока. На својот профил на твитер, 50-годишниот техномилијардер напиша „Danke Deutschland!!”, со по две германски знамиња пред и по благодарницата.

Активистите за заштита на животната средина продолжија да протестираат против гигантскиот проект, поради загриженост дека може да се наруши снабдувањето со питка вода во целиот регион. Тие реагираат дека нивните сомнежи и приговорите против фабриката на Tesla биле игнорирани. Забелешките на еко-активистите се во насока на „во фабриката на Tesla се произведуваат електрични автомобили што тежат со тони, што нема ништо заедничко со спречувањето на климатските промени“.

Суепрѕвездата на автомобилската и светската сцена, Илон Маск, го исполни ветувањето дека ќе покаже нови танцови движења на свеченото отворање на фабриката

Маск ја најави инвестицијата за фабриката во близина на Берлин во ноември 2019 година. Изградбата започна во февруари 2020 година, врз основа на привремени одобренија за градба. Според плановите, производството требаше да започне уште во средината на минатата година. Одобрението за фабриката се одолжи, главно поради тоа што Tesla отпосле најави дека паралелно ќе се гради и фабрика за батерии. Нејзината изградба е во тек.

Конечното одобрение пристигна дури пред две недели. Површината на фабриката изнесува околу 227.000 метри квадратни. Според објавите на концернот, во Гринхајде моментно работат повеќе од 3.000 лица. 

Во Гринхајде во почетокот ќе се произведува Model Y Performance, возило од СУВ-сегментот тешко околу два тони, со досег од близу 500 километри. Основната цена за моделот изнесува 63.990 евра. Фабриката на Tesla е голем притисок врз домашните производители на автомобили. Повеќето германски производители веќе имаат споредливи модели во понудата.

Tesla доби одобрение, производството во Берлин може да стартува

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Space Star во тркачките бои на Ralliart

Toyota GR86 во реклама: Мол е одлично место за дрифт