Тесла на едни пазари во Европа расте, на други паѓа

Тесла во јули продаде за 86 проценти повеќе возила во Франција и за 52 проценти повеќе возила во Данска отколку лани, но затоа ѝ падна продажбата во Норвешка и во Шведска.

По две години во постојан пад, годинава се врати продажбата на Тесла во Европа, но не секаде.

Јулската продажба на Тесла на европските пазари се движи во сите насоки. Од една страна, производителот на електрични возила од САД наиде на зголемена побарувачка во Франција и Данска, но тоа го поништија пазарите во Норвешка, Шведска, Италија, Шпанија и Португалија, каде што продажбата појде удолу.

Во Франција биле новорегистрирани за 86 проценти повеќе возила на Тесла и за 52 проценти напредувал пазарот во Данска, покажуваат статистиките од двете држави.

Но, бројот на новорегистрирани возила на Тесла опаднал за 97 проценти во Норвешка, за 60 проценти во Шведска, за 81 проценти во Шпанија, понатаму за 69 проценти во Португалија и за 77 проценти во Италија, според службени извори.

Тесла годинава успеа да ја поправи продажбата во Европа, откако две години се соочуваше со постојан пад. Поттикот дојде од зголемените цени на горивата, од новите субвенции на некои големи пазари и општо од зголемената побарувачка за електрични возила.

Целиот европски пазар на електрични автомобили добро го заврши минатиот месец, благодарејќи на владините субвенции во Франција и постојаниот раст во побарувачката за батериски електрични возила, на пазари како Данска, посочи Рико Луман, виш економист при ИНГ Рисерч.

Тесла се чини дека им дава предимство на пазарите каде што се повисоки субвенциите, како Германија и Франција, наведува Матијас Шмит, аналитичар за европскиот пазар при Шмит Аутомотив.

Енди Лиленд, соосновач на специјалистот за добавувачи СЦ Инсајтс, напоменува дека наглиот пад во побарувачката во еден месец во Норвешка не треба да се зема како мерило. „Такви силни промени обично произлегуваат или поради тајмингот во дистрибуцијата на возила или промени во давачките“, посочува Лиленд.

Уште се чекаат податоците од Германија и од Велика Британија, двата најголеми пазари во Европа.

Споредба: Електрична Киа против бензинска Киа, ЕВ 3 против Спортаж

Претходна објаваТојота ќе пушти нова генерација батерии, продажбата на хибридите носи голем профит
Следна објаваИстражување во САД: Пикапите се погубни за другите, а малите автомобили за своите возачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here