Tesla се спаси од казна за шпионските камери во Холандија

Камерите во возилата на Tesla што ги снимаат минувачите, со цел да се спречи оштетување, отсега треба да добијат одобрение од возачот пред да почнат да снимаат. Реагираше холандската организација за заштита на потрошувачите.

Организацијата за заштита на личните податоци во Холандија нема да поднесе тужба против Tesla, за можното повредување на приватноста, откако американскиот производител на електрични автомобилки Tesla направи промени во сигурносните камери во возилото.

Tesla ги користи тие камери во своите автомобили, како дел од системот „Sentry Mode“, којшто има за цел да ги заштити возилата од кражба или оштетување. Холандската агенција за заштита на податоците го истражуваше случајот и процени дека е можно тој да го повредува правото на приватност.

„Голем број возила Tesla паркирани на улица, честопати го снимаа секој што ќе се приближи до возилото, а тие снимки се чуваа многу долго време. Доколку секој автомобил го прави тоа, ќе имавме ситуација кога никој не може да отиде никаде во јавноста, без притоа да биде надгледуван,“ пишува во соопштението од Агенцијата.

Sentry Mode е систем за спречување кражба, што постојано го проверува просторот околу возилото, откако истото ќе се заклучи, користејќи ги камерите за да сними секаква закана по сигурноста на возилото.

Агенцијата наведува дека Tesla извршила промени во системот, откако таа започнала со истрага за случајот.

Светлата на Tesla отсега трепкаат, за на тој начин на минувачите да им се укаже дека снимањето почнало, а се бара и одобрение од сопственикот на возилото, за да се пуштат камерите

Снимките се сочувуваат во возилото и не се споделуваат со Tesla, открива холандската агенција.

Со тоа што се бара одобренние од сопствениците, место од Tesla, тие ќе сносат правна одговорност доколку се врши недозволено снимање.

Како резултат од преземените промени, холандската агенција за заштита на приватноста нема да бара казна или други санкции против Tesla.

Претходна објаваИсторијата од ново: Mercedes ја прикажува внатрешноста на новата E-Class
Следна објаваСалонот се претвора во диско: Audi прави забава со слушалки

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here