На 16-ти и 17-ти март, намерниците во форумот на Audi во Некарсулм ќе си носат слушалки со себе, за да бидат дел од повторната забава во центарот на марката.
Местото во коешто се одржуваат големи настани од историјата, сегашноста и иднината на марката Audi, и место што веќе привлекува масовна посетеност, во средината на месецот на пролетното будење, ќе стане големо диско.
Се враќа забавата со слушалки во форумот на Audi. Во четвртокот и петокот, на 16-ти и 17-ти март, посетителките и посетителите ќе уживаат истовремено слушајќи три различни музички стилови. На слушалките ќе може да се избере дали ќе се слушаат шлагери, дали тоа ќе биде рок/поп или хип-хоп и соул.
Три диџеи, по еден за секој музички правец, ќе пуштаат музика во живо од бината. Посебноста е во тоа што секој може во секое време да ја смени музиката што ја слуша, според расположението.
Бројот на заинтересирани гости расте постојано, така што настанот годинава ќе се одржува два дена.
Забавата се одржува од 19.30 до 22.30 часот, а влезот е во 19 часот. Цената на билетот е 18 евра. Паркиралиштето е обезбедено во кругот на форумот на Audi.
















