Тесла заработи 9 милијарди долари од производители што немаат доволно ЕВ

tesla priemno oddelenie

Тесла продолжува да им наплаќа на останатите производители на автомобили на коишто им е потребна помош за да ги исполнат строгите ограничувања за штетни материи.

Американскиот производител на електрични автомобили Тесла не се надеваше дека исплатливиот бизнис со продажба на еколошки кредити ќе опстои толку долго.

Компанијата предводена од Илон Маск во минатата година заработе 1,79 милијарда долари од наплата на еколошки кредити. Почнувајќи од 2009 година, Тесла на тој начин постигна заработка од близу 9 милијарди долари, наплаќајќи им на производителите на автомобили што немаат и не продаваат доволно ЕВ.

Продажбата на еколошки кредити е чист бизнис на Тесла. Компанијата заработува од тоа што произведува и продава електрични автомобили, и потоа им продава кредити за ЦО2 на производителите чијашто вкупна продажба ги надминува границите за штетна емисија што ги поставуваат властите. Тоа важи и во Кина, и во Европската Унија, и во Калифорнија.

Тесла одвај дека има за плаќање сметки на име на заштита на животната средина, па продажбата на еко-кредити практично е чиста заработка.

Пред три и пол години, директорот за финансии на Тесла најави дека очекува заработката од продажбата на ЦО2 кредити да почне полека да слабее.

„Тој бизнис не го водиме со претпоставка дека еколошките кредити ќе носат прилив во значајна мера во иднина“, кажа тогашниот финансиски директор Закари Киркхорн, при објавувањето на финансиските резултати во јули 2020 година. „Тоа ќе продолжи уште извесно време, но овој прилив од регулаторни кредити ќе се смали.“

Тесла во таа година заработе 1,58 милијарда долари од продажба на регулаторни кредити. Во 2021 година, наплатата на кредитите опадна за седум проценти, но затоа во последните две години, сумата изнесуваше над 1,7 милијарда долари.

Не е тајна дека автомобилските менаџери негодуваат за тоа што мораат на овој начин да ѝ плаќаат на Тесла за еко-кредитите

„Навистина ги разлутува тоа што Тесла постигна толкав бум од своето опстојување како единствен производител чисто на електрични возила,“ кажа Мери Николс, поранешна претседателка на одборот за заштита на квалитетот на воздухот на Калифорнија, за Блумберг Њуз во 2017 година. „Тие помогнаа да ја финансираат оваа млада компанија, за којашто сега сите зборуваат.“

Оттогаш се појавија голем број производители на ЕВ, меѓутоа се чини дека има уште простор за Тесла да продолжи да го одржува бизнисот со наплата на еко-кредити.

Голем број производители, вклучувајќи ги Фолксваген и Џенерал Моторс во изминатите години не ги исполнуваа своите цели со ЕВ и го одложуваа или го откажуваа вложувањето во производство на електрични возила. Поради тоа, Фолксваген и Џенерал Моторс мораа да купат еко-кредити од Тесла, исто како и Хонда и Јагуар Ланд Ровер.

Видеото со тестот на Шкода Ениак Купе

Претходна објаваКако Тојота стана втора најпродавана марка во Европа
Следна објаваОваа брза станица за полнење ЕВ сама си произведува струја од биоетанол

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here