Tesla в година стартува официјално во Хрватска и Србија

tesla prodazba istocna evropa

Tesla од следната година ќе го зајакнува своето присуство на источноевропскиот пазар. Во меѓувреме, против шефот Илон Маск е поднесена нова тужба во САД.

Илон Маск најави забрзано проширување на присуството на калифорниската марка електрични возила во Европа во текот на следната година. Шефот на Tesla очекува дека електричните автомобили ќе стартуваат со официјална продажба во Словачка, Хрватска, Србија и во повеќето земји во Источна Европа.

Tesla пролетоска започна со испорака на европскиот пазар на новата голема надеж на компанијата, на лимузината од средната класа Model 3. Меѓутоа, во Источна Европа и натаму е голем бројот на земји во коишто калифорнискиот производител не е директно застапен со продажба на своите возила.

Инвеститорите поднесoa тужбa против Маск

Во меѓувреме, Маск повторно се соочува со правни проблеми во САД. Судија во сојузната држава Делавер ја прифати инвеститорската тужба за начинот на одредување на провизиите во Tesla. Техно-милијардерот се обвинува за профитерство. Адвокатите на Tesla поднеле жалба, но таа била одбиена.

Tesla е побрза 20 секунди од Porsche Taycan на Нирбургринг

Претходна објаваMercedes ги објави македонските цени за новиот теренец GLB
Следна објаваПреполовен бројот на посетители на салонот во Франкфурт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here