129
22 shares, 129 points

Кросоверот врз основа на Model 3 и помал брат на Model X ќе биде претставен премиерно на 14-ти март. Илон Маск има конкретни најави и околу цената на Tesla Model Y

Четвртиот модел во понудата на калифорнискиот електроспецијалист Tesla ќе се појави пред светот на 14-ти март. Model Y е името на СУВ-моделот врз основа на Model 3. Димензиите на каросеријата ќе бидат за десетина проценти поголеми во споредба со спортската лимузина од средната класа. Поради дополнителната тежина, досегот на „Y“ ќе биде помал во споредба со Model 3.

За Tesla Model Y мора прво да се обезбеди дополнителен производствен капацитет

Производството на Model Y се очекува да започне кон крајот на следната година, во „гигафабриката 1“ во Невада. Во оваа фабрика моментно се произведуваат батерии, но таа ќе биде пренаменета, заради целосната искористеност на производствените капацитети на Tesla. Дел од производството на Model 3 моментно се одвива во шатор покрај фабричката хала.

Според шефот Илон Маск, цената на Model Y нема да биде повисока од Model 3, затоа што автомобилот има поедноставна конструкција, за разлика од Model X со неговите крилести врати и комплицираната задна клупа, во споредба со Model S. Со појавувањето на четвртиот модел се комплетира и „пораката“ од Tesla. Кога ќе се спојат ознаките на четирите модели се добива „SEXY“. Првично беше замислено Model 3 да се продава како Model E, но Ford веќе ја имаше регистрирано ознаката.

Големите компании се особено заинтересирани за електричниот влекач на Tesla, поради драстично намалените оперативни трошоци

Следен модел што може да биде претставен уште годинава е пикап. Оваа категорија возила е особено популарна во САД и доколку моделот наиде на поширока прифатеност меѓу корисниците на камионети, тоа само ќе ја зацврсти позицијата на Tesla. Секако дека продолжува и развојот на електричниот влекач, за когошто постои огромен интерес меѓу компаниите, поради драстично смалените оперативни трошоци.

Што следи кога ќе се спојат ознаките на моделите на Tesla?

Сопственици на Toyota Prius во САД се префрлуваат на Tesla

Три месеци чекање за Tesla, година за електричен Hyundai

Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

129
22 shares, 129 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *