Tesla Model S има лоша изработка, но сите би го купиле повторно

Американската потрошувачка организација Comsumer Reports првично оцени дека Tesla Model S е најдобриот автомобил во историјата, за потоа да упати остри критики за лошиот квалитет на изработка. Но, на сопствениците им е сеедно.

Американскиот специјалист за електрични автомобили Tesla постигнува поголем публицитет дури и од аферата Дизелгејт, по претставувањето на кросоверот Model X. Моделите на калифорнискиот производител се благородни, брзи и возат само на струја. Но, како стојат тие во поглед на квалитетот? Токму со тоа прашање се занимаваше американската организација за заштита на потрошувачите Comsumer Reports. Ценетата организација драстично го смени своети мислење за иновативниот автомобил од Силиконската Долина.

На првиот тест во Consumer Reports, електричната Tesla Model S беше оценета како најдобриот автомобил во историјата. Таквата оцена се засноваше врз одличната управливост, во комбинација со отсуството на емисија на штетни материи. Затоа пак, во вториот тест, организацијата не даде препорака за купување на овој автомобил, поради слабиот квалитет.

Долг список на забелешки, од нефункционални рачки на врати до поулавени дисплеи

Експертите на Consumer Reports критикуваат за дефектни рачки на вратите, сончеви покриви што протекуваат, грешки во дисплејот. Списокот со забелешки е навистина долг. Од Tesla образложуваат дека повеќето дефекти може да се отстранат преку обновување на софтверот и дека сопствениците воопшто не мораат да посетуваат сервисна работилница. Купувачите во САД добиваат гаранција од четири години или 80.000 километри. Повеќето американски клиенти не го губат задоволството од автомобилот доколку дефектот се отстрани брзо. Но, во потрошувачката организација ги оставаат емоциите настрана и за секој недостаток бележат негативни бодови.

Consumer Reports анкетирала 1.400 сопственици на Tesla, кои потврдуваат дека производителот обично брзо реагира при пријава на дефекти и истите ги отстранува бесплатно. На прашањето дали повторно био купиле автомобил од Tesla, дури 97 проценти од сопствениците одговориле потврдно. Тоа може да го постигне само уште Apple.

Сопствениците простуваат работи што се непростливи за автомобил од 100.000 долари

Резултатите се уште повеќе импресивни кога се има во предвид цената на Model S. Од спортска лимузина што чини 100.000 долари сигурно дека се очекува повеќе отколку од Golf. Силниот имиџ на Tesla е причината за тоа што сопствениците уште простуваат за недостатоците во нивниот автомобил. Со купувањето Tesla првенствено се демонстрира трендовска ориентираност, а дури потоа следи одушевеноста од техничката авангарда. Tesla сепак не смее да ја изигра оваа доверба. Калифорниската марка наскоро ќе претстави поевтин модел што ќе биде достапен за поширок круг купувачи, кои нема да простуваат толку лесно.

Електричните автомобили имаат поедноставна конструкција, бараат помалку одржување и се повеќе издржливи од автомобилите со конвенционален погон. Фактот што Tesla сепак има проблеми со квалитетот, фрла лошо светло врз Американците. Consumer Reports анкетираше клиенти што купиле Tesla во последните три години. Неизвесно е дали производителот ќе научи од своите грешки и ќе го подобри квалитетот во иднина.

Во големосериското производство не смеат да се дозволат пропусти. Се е на сопствен трошок

Проблемите со квалитетот ќе мора да станат минато отккао Tesla ќе го претстави волуменскиот Model 3. Калифорниската фирма засега бележи загуба и покрај одличните продажби. За тоа да се промени, во големосериското производство ќе мора да се спречи секаква можност за настанување на недостатоци и грешки кои Tesla ќе мора да ги отстрани отпосле на сопствен трошок. Рекламациите во гаранцискиот рок и сервисните повици се трошоци што ја „јадат“ маржата.

Претходна објаваТеренецот на Maserati уловен на тестирање
Следна објаваФестивалот на олдтајмери на Toyota им се посветува на едноставните вредности

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here