за

Tesla Model S во трка на забрзување против Boeing 737

Три километри на располагање за електричната Tesla Model S да го докаже легендарното забрзување во „неразумниот“ модус против Boeing 737. Батерии против керозин, автомобил против авион.

Трката е договорена, електричната моќ на Tesla Model S ќе се докажува против млазните мотори на Boeing 737-800. Двата млазни мотора CFM International произведуваат потисок од над 50 килопонди и му овозможуваат на Boeing да постигне патна брзина од 850 km/h.

Електричната Tesla Model S забрзува до сто километри на час за три секунди и не може да лета, но затоа на земја е меѓу најбрзите лимузини произведени досега. Стартот е во корист на Tesla, но авионот успева да го надомести заостатокот. Пред Boeing да ја достигне брзината на полетување од 260 километри на час, трката е изедначена. Во тој момент, Model S ја постигнува дозволената крајна брзина од 250 километри на час.

На крај, секако дека авионот победува, но тука е и симболиката. На земја, автомобилот и авионот се изедначени, а Boeing победува само затоа што го постигнува тоа за што е конструиран – да лета. Или појасно, кога Tesla Model S би бил побрз, би требало да лета.

Целта на спектаклот сепак е промоција на новите услуги што австралиската авиокомпанија Qantas ќе им ја понуди на своите редовни клиенти. Овие ќе имаат можност да ги тестираат моделите на Tesla, додека постоечките сопственици на Tesla ќе добијат членство во клубот на авиокомпанијата. Покрај тоа, Qantas ќе постави брзи полначи за струја на аеродромите во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Аделаида

Qantas Boeing 737-800 против Tesla Model S

  Boeing 737-800 Tesla Model S P90D
Капацитет 2 пилоти, 168 патници 1 возач, 4 патници
Крајна брзина 0,82 мах (1.012 km/h) 250 km/h
Моќ 52 килопонди потисок батерија од 90 киловати
Полна моќ TO/GA (Take-Off/Go-Around) Ludicrous Mode

(0-100 km/h за 3,0 s, 0-400 метри за 10,9 секунди, 0-250 km/h за 20% покусо од стандарден модус)

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Ateca: Теренецот на Шпанците за првпат во акција

Spyker се враќа со спортски теренец на батерии