Tesla Model S назад во сервис поради дефект на безбедносните ремени

Калифорнискиот електроспецијалист Tesla Motors ги повикува во сервис сите произведени примероци од Model S поради опасноста од откачување на безбедносните ремени.

Tesla ги повикува во сервис сите досега произведени 90.000 примероци од Model S. сопствениците на спортската лимузина со погон на струја се повикани во сервис заради бесплатна проверка на безбедносните ремени. Постои можност клинот со кој безбедносните ремени се прицврстени на предните седишта да излезе од лежиштето. Проблемот го пријавил возач на Tesla Model S во Европа, откако се завртел да разговара со патниците на задната клупа, при што ременот се откачил.

Од Tesla Motors соопштуваат дека „возилото не учествувало во судир и нема повредени“. Производителот сепак смета дека безбедносниот ремен во оваа состојба не може да ги исполни своите задачи при евентуален судир и го стартуваше големиот сервисен повик. Досега се проверени околу 3.000 возила и проблемот не се повторил ниту кај едно од нив.

Претходна објаваДизелот ја удвои продажбата на спортскиот Ford Focus ST
Следна објаваVolkswagen скусува една милијарда од планираните инвестиции за 2016 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here