за

Tesla во вторник ја отвора фабриката во Берлин

Властите на германската покраина Бранденбург не гледаат пречки за фабриката на Tesla во близина на Берлин да стартува на планираниот датум, на 22-ри март.

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот
Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

По шестмесечно одолжување, фабриката за електрични автомобили на Tesla во местото Гринхајде, на дваесетина километри оддалеченост од Берлин, според властите на покраината Бранденбург, конечно може да биде пуштена во работа.

Германското министерство за животна средина во моментов „не гледа причина за фабриката да не биде пуштена во работа“. Властите на германската покраина Бранденбург, ценат дека првата фабрика за електрични автомобили на Tesla во Европа, може да започне со работа на планираниот датум, во вторник на 22-ри март.

Компанијата мора да исполни обврските и условите што ги поставија надлежните институции. Од министерството за животна средина, сепак посочија дека одделните постројки може да се пуштат и пред исполнувањето на сите обврски и услови. Станува збор за околу 400 барања што ги содржи добиеното одобрение од властите за фабриката, од коишто дел не се однесуваат општо на сите постројки во фабриката.

На официјалниот почеток на фабриката, во којашто годишно ќе се произведуваат до 500.000 електрични автомобили на Tesla, се очекуваат и високи гости од политиката. Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека ќе присуствува на настанот, исто како и министерот за економија Роберт Хабек.

Шефот Илон Маск лично ќе им ги предаде првите автомобили на сопственичките и сопствениците. Покраината Бранденбург го издаде одобрението за фабриката на 4-ти март. Од почетокот на изградбата минаа нешто повеќе од две години.

Tesla ќе отвора втора фабрика во Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota користи три видови горива на трките во Јапонија

Сто километри на струја 70 денари, на дизел 532 денари