за

Сто километри на струја 70 денари, на дизел 532 денари

Цените на горивата пораснаа драстично и прашање е кога бензинот и дизелот ќе поскапат повторно. Врз основа на клучните големини пресметавме колку возењето на струја е поевтино во овие времиња.

Литар бензин во моментов (20-ти март) чини 79,50 денари, литар дизел се точи за 76 денари. Со зафати во делот од цената што оди во државна каса и со зафат во заработката на станиците за гориво, цените се пониски отколку пред десетина денови, но возењето и натаму е далеку од евтино. Таа привилегија ја уживаат возачите на електрични автомобили.

Со секои сто поминати километри, што одговара приближно на три дена возење до работа и други секојдневни одредишта, на возачките и возачите на електричен автомобил им остануваат по 462 денари повеќе пари во џебот, отколку на возачите на дизел.

Разликата е толку голема, што е сосем доволно да се користат и само ориентациски вредности при споредбата. За потрошувачката на енергија на електричен автомобил земаме вредност од 19 киловатчасови на сто километри. Тоа е дури и над вредностите на потрошувачката што ги имаме постигнато при нашите досегашни тестови на електрични автомобили (Peugeot e-208, Volkswagen ID.3, Seres 3, Mini Cooper SE). Со тоа се исклучува претпоставката дека вредноста од 19 kWh/100 km можеби е премала.

Доколку се користи јавен полнач од мрежата на ЕВН, возењето електричен автомобил е дури и бесплатно. Вклучувајќи и бесплатен, а ретко и резервиран паркинг. Меѓутоа, мрежата од полначи кај нас е светлосни години далеку од тоа дека полнач ќе се најде на барем пет минути пеш од домот или од работното место. Тоа значи дека ќе се полни дома. Најубавата, барем една од многуте најубави работи во електромобилноста е тоа што возилото може комотно да се остави да полни преку ноќ. Евтината тарифа моментно изнесува 3,67 денари за киловатчас искористена енергија. Според тоа, сто километри возење би чинеле нешто помалку од 70 денари.

Електричниот Volkswagen ID.3 во минатото лето го фотографиравме во фотонапонската централа на ЕВН во близина на Неготино

Сметката реално е различна од тоа дека за полнењето батерија од 19 kWh ќе се потрошат 19 kWh струја, затоа што постојат загуби. Ориентациски може да се смета на помалку од 10 проценти, значи 20,9 kWh. Тоа не менува многу, цената пак е 77 денари за сто километри возење.

При 10.000 километри годишно, возачките и возачите на електричен автомобил, за енергијата што ќе ја потроши нивното возило мора да платат 7.000 денари.

Дизелот моментно чини 76 денари од литар (20-ти март). Како просек за потрошувачката на автомобил со дизел мотор земаме седум литри гориво на сто километри. Цената за гориво за секои сто извозени километри со автомобил со дизел мотор, изнесува 523 денари.

Споредбата со електричниот автомобил: При 10.000 километри годишно, возачките и возачите на автомобил со дизел мотор, за енергијата што ќе ја потроши нивното возило мора да платат 52.300 денари.

Со кинескиот СУВ-електромобил Seres 3 возевме до Кичево и преку резерватот Јасен назад до Скопје, долж течението на Треска

Тоа е фрапантна разлика. Кога ќе се погледне цената за литар гориво, 76 денари за литар дизел или 79,50 денари за литар бензин, сумата не изгледа „опасно“. Меѓутоа, кога ќе се пресмета колку пари за гориво се трошат на годишно ниво, и особено кога ќе се има предвид колку е поевтино возењето електричен автомобил, тогаш нештата се гледаат малку посериозно и посовесно.

Возачите на електричен автомобил годишно заштедуваат по 45.300 денари на работни трошоци

Овој пример води кон заклучокот, дека без државата да интервенира и целно да го потпомага купувањето електрични автомобили, малкумина ќе се решат и малкумина ќе си дозволат да купат електричен автомобил, само поради тоа што работните трошоци се најмалку седумпати пониски. Ситуацијата во Украина, меѓу другото покажа и колку светот е зависен од увозот и трговијата со нафта. Секако дека постои причина, зошто европските држави буквално водат трка, која прва ќе се ослободи од зависноста од нафтата.

Mini Cooper SE е првиот електричен автомобил што направи целосна обиколка низ Македонија – извозевме близу 800 километри чисто на струја за ден и пол

Mini Cooper SE ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 2)

Македонија и електромобилност? ЕУ неодамна објави стратешки план за инвестиции, кој предвидува десетици милиони евра вложување во три соларни електрани во битолско, токму во Осломеј. Таа информација остана неинтересна за македонските медиуми.

ЕУ вложува во три соларни електрани во Битола и железничко поврзување со Софија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Tesla во вторник ја отвора фабриката во Берлин

Mercedes-Benz EQS SUV: Со дизајнерски потпис на Славче Таневски