за

Mercedes-Benz EQS SUV: Со дизајнерски потпис на Славче Таневски

Mercedes-Benz го најавува следниот голем чекор во електро-офанзивата. Во новоотворената фабрика во Алабама ќе се произведуваат батериите за EQS SUV, што светот прво го виде како Concept Mercedes-Maybach EQS.

Можеби вестите говорат различно, но светот напредува во ерата на електромобилноста. Mercedes-Benz е еден од главните „возачи“ на погонот на струја. Во САД ќе се гради фабрика за батерии за новиот EQS. По SL Roadster, CLA и CLA Shooting Brake, GLC Coupe, знаменосецот во понудата од теренци е следното дело на македонскиот дизајнер во Mercedes-Benz, Славче Таневски.

Неколку месеци пред да започне производството на новите електрични модели на подмарката Mercedes-EQ во САД, од марката со ѕвездата доаѓа вест за отворањето на фабриката за батерии во областа Биб, во Алабама, САД. Со овој важен чекор, Mercedes ќе постигне неговите електрични автомобили да се произведуваат на три континенти.

Германската марка веќе 25 години ги произведува во САД големите СУВ-модели, во моментов тоа се GLE, GLE Coupe, GLS и Maybach GLS. Нив наскоро ќе им се придружат двата електрични модели, прво EQS SUV, а по него и EQE SUV. Батериите од новата фабрика ќе се вградуваат во овие два модели.

EQS SUV е првиот електричен автомобил што Mercedes-Benz ќе го произведува во САД

Премиерата на СУВ-панданот на S-Class, на новиот EQS, ќе се одржи на 19-ти април. Пред големиот настан, Штутгарт објави фотографии од луксузниот и дигитализиран ентериер на новиот модел.

New item by Automedia MK / Google Photos

Од вкупно седум милијарди долари што се вложени во Алабама, од 1990-те години до денес, една милијарда отпаѓа само на фабриката за батерии. Во MBUSI моментно работат 4.500 лица, а на тоа следат уште 11.000 работни места кај добавувачите и компаниите од логистиката.

Во изминатите 25 години во фабриката во Алабама се произведени над четири милиони автомобили. Само лани се произведени околу 260.000 СУВ-модели. Две третини од продукцијата оди за извоз

Литиум јон батериите за EQS SUV и EQE SUV се произведуваат СО2-неутрално. Mercedes-Benz произведува батерии на три континенти: Каменц и Штутгарт (Германија), Пекинг (Кина), Бангкок (Тајланд), Јавор (Полска). До завршетокот на деценијава, мрежата ќе опфаќа вкупно осум фабрики за батерии, со вкупен капацитет од 200 гигаватчасови.

New item by Automedia MK / Google Photos

Постои еден фактор што целава приказна ја поврзува со Македонија. Секако дека тоа е Славче Таневски, Македонец кој подолго од десет години е дел од дизајнерскиот тим на Mercedes-Benz во Штутгарт. Во последниве години, Таневски постигна голем напредок во тимот, па дури и лично го претстави „својот“ CLA Shooting Brake, на салонот во Франкфурт, на бина заедно со тогашниот шеф Дитер Цече. Лани следеше премиера на Concept Mercedes-Maybach EQS на салонот ИАА во Минхен, а потоа и премиера на Mercedes-AMG SL Roadster, што е чест за секој дизајнер.

New item by Automedia MK / Google Photos

Од концептот на EQS директно произлегува сериската изведба што ќе има премиера на 19-ти април. Тоа е прв целосно електричен луксуизен СУВ и трет модел со погон на струја врз посебната архитектура за електрични возила на Mercedes-Benz. Освен со надворешниот дизајн, престижниот СУВ одушевува со внатрешноста. Според најавата, EQS „спојува профресивен дизајн, префинетост и комфор на лимузината EQS, со просторна понуда и практичност на омилениот концепт на СУВ од највисока класа“. По пример на MBUX Hyperscreen, што се нуди како опција во EQS, така и во неговата SUV-изведба се вградува дисплеј широк 56 инчи долж целиот кокпит.

Со нетрпение ја исчекуваме премиерата на луксузниот СУВ со дизајнерски потпис на Славче Таневски.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сто километри на струја 70 денари, на дизел 532 денари

Зошто суперспортските автомобили имаат пошироки гуми назад?