Tesla ќе отвора втора фабрика во Кина

Сé посилни се гласините дека Tesla планира во Шангај да изгради уште една фабрика покрај постоечката. Со втората фабрика, капацитетот за производство на електричните автомобили на калифорниската марка во Кина ќе се зголеми двојно.

Во кус до среден рок, Tеsla ќе произведува два милиони електрични автомобили во Кина. Веста ја објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на двајца инсајдери чијшто идентитет не се спомнува.

Според непотврдените информации, градежните работи за новата фабрика би можело да започнат веќе во март. За ориентација, изградбата на првата фабрика во Шангај траеше само една година. При целосна искористеност на двете фабрики, Tesla во Кина ќе произведува повеќе автомобили, отколку што големите концерни Toyota, General Motors или Volkswagen можат да произведуваат во постоечките капацитети во земјата. Засега нема потврда за информацијата, ниту од Tesla, ниту од градот Шангај.

Во Гигафабрика 3, како што се води постоечката фабрика на Tesla во Кина, моментно се произведуваат големи серии од моделите 3 и Y, за важниот кинески пазар, но и за извоз, вклучувајќи ги главните европски пазари.

Со значителното проширување на фабриката, за коешто Ројтерс наведува дека исто така е дел од планираните инвестиции, годишниот капацитет во следните месеци треба да се зголеми од околу 450.000 примероци на близу еден милион. Оваа продукција, секако, ќе се достигне доколку има на располагање доволен број полупроводници.

>>> Tesla постигна рекордна заработка од 5,5 милијарди долари

 

Претходна објаваToyota го електрифицира транспортот: Возилата ќе патуваат со воз
Следна објаваФиналистите за Автомобил на годината се во Курмајер, победникот на 28-ми февруари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here