По гостувањето во Милано и во Кортина д’Ампецо, седумте финалисти што се натпреваруваат за најценетата титула на европската автомобилската сцена, викендов ќе го минат во светски прочуениот скијачки ресорт Курмајер, во Италија.
Локалниот настан во организација на италијанскиот магазин Auto, којшто е дел од европското жири за избор на автомобил на годината, ќе им овозможи на ентузијастите да ги разгледаат автомобилите и да направат ексклузивни пробни возења. Финалистите ќе бидат изложени на плоштадот Шале де л’Анже, од 25-ти до 27-ми февруари.
Гостувањето во Курмајер ќе ја означи завршницата на италијанската турнеја во чест на Европски Автомобил на 2022 Година. Изборот се одржува уште од 1964 година, со цел да се наградат највпечатливите и најдобри автомобилски новитети. Истиот е организиран од девет европски магазини.
Изборот на финалистите од страна на 61 новинар, што гласаа за кандидатите годинава, најверодостојно ја потврдува пресвртницата што се случува во мобилноста. Шест од финалистите се чисто електрични автомобили, додека седмиот е достапен во верзија со приклучен хибриден погон, со најава за чисто електрична изведба од 2023 година.
Организацискиот комитет на Car of the Year:
- Theo Uhlir: AUTOMOBIL REVUE/REVUE AUTOMOBILE(President for Car of the Year 2022)
- Niels Visser: AUTOVISIE, Netherlands
- Ottavio Ottaviani: AUTO, Italy
- Rachael Prasher: AUTOCAR, United Kingdom
- Stéphane Lemeret: AUTO TRENDS, Belgium
- Alicia Fernández: AUTOPISTA, Spain
- Oliver Trost: FIRMENAUTO, Germany
- Nicolas Le Gall: L’AUTOMOBILE MAGAZINE , France
- Marjo Köhler: VIBILÄGARE, Sweden

Финалистите:
- Cupra Born
- Ford Mustang Mach-e
- Hyundai Ioniq 5
- Kia EV6
- Peugeot 308
- Renault Megane E-Tech 100% Electric
- Skoda Eniaq iV
Новинарите на италијанскиот магазин Auto ќе им бидат на располагање на заинтересираните лица со сите информации за финалистите. Возилата воедно ќе може да се пробаат, со асистенција на инструкторите за возење на X-Driving School. Тоа е ексклузивна можност за ентузијастите, автомобилите во финалето на изборот да се испробаат на кривулестите патишта во подножјето на Мон Блан.
Ci sono vetture che, pur essendo valide e apprezzate, non sono mai riuscite ad aggiudicarsi il premio Car of The Year 🏆#auto #caroftheyear #autodellanno
— Auto (@autoofficial_it) February 25, 2022
Победникот во изборот за Европски Автомобил на 2022 Година ќе биде соопштен на посебен настан, на 28-ми февруари.
Како што беше вообичаено и во претходните години, публиката и фановите ќе можат во сабота и во недела да направат пробно возење на седумте автомобили во финалето. Свеченоста ќе се пренесува во живо на http://www.gims.swiss/ со почеток во 17 часот.
За македонските „избори“ на автомобил на годината што не се повеќе од приватна забава
Во последниве неколку години во Македонија дрско се злоупотребува титулата на „национални“ избори на Автомобил на годината од страна на неколку блогери, додека во исто време се прави обид за паралелно да се воспостави нов избор, под име што повеќе потсеќа на избор за најдобар вулканизер. На крајот, тоа се сведува на приватна забава и на нискобуџетно додевање по друштвените мрежи, а единствениот ефект од тоа е уништување на и без тоа кревката автомобилска сцена во Македонија. Веродостоен избор на Автомобил на годината во Македонија постоеше своевремено, меѓутоа континуитетот на таа непроценливо вредна организација, како и бројни нешта во државата, се уништи неповратно.
Целата историја околу изборите можете да ја прочитате на следниот линк:
















