за

Toyota го електрифицира транспортот: Возилата ќе патуваат со воз

Превозот на возилата на Toyota од фабриките до одредиштата во иднина во поголем обем ќе се врши со воз. На тој начин се смалува емисијата на СО2 на ниво на сите активности на компанијата, не само од автомобилите.

Европскиот огранок на Toyota започна со превоз на возилата од фабриките до дилерската мрежа по железница. Превозот засега се одвива само меѓу Франција и Обединетото Кралство. Планот е до 2024 година неколку паневропски логистички рути да се префрлат на железнички превоз.

Toyota Motor Europe (TME) започна со железнички транспорт на возилата од дистрибутивниот центар во францускиот Веленсјан, до Тотон во Обединетото Кралство.  Тоа е само почетна фаза од планот за цела Европа, за возилата во поголем обем да се превезуваат по железница, заради намалвуање на емисијата на СО2 и од логистиката на компанијата.

Партнери на TME се компаниите за логистика Getlink и CAT Group. Во почетокот тие ќе превезуваат околу 70.000 возила годишно, што одговара на 270 железнички превози годишно. Возила Corolla со хибриден погон, што се произведуваат во фабриката во Дерби, ќе се превезуваат со воз до центарот во Валенсјан, додека возилата Yaris со хибриден погон, од Франција ќе се превезуваат до ОК.

Toyota е единствен производител на автомобили што во моментов го користи тунелот под Ламанш за превоз на нови возила

Се очекува на овој начин да се намали емисијата на СО2 за повеќе од 10% на ниво на севкупната логистика на TME. Воедно се скусува и времето на патување за околу 50 проценти. 

Голем дел од главните рути на логистиката на Toyota во Европа е планирано да се префрли на железница до 2024 година. Втората фаза започнува во април годинава, кога фабриката во Валенсјан ќе се поврзе со фабриката во Колин, Чешка. Таму се произведуваат Yaris и новиот Aygo Cross. Понатаму ќе се опфати мрежата во Италија, Шпанија и Турција.

Со превозот по железница, Toyota ќе замени превоз од преку 7 милиони „камионски“ километри годишно, што од една страна е чекор во заштита на климата, од друга страна се растоваруваат патиштата.

Целата понуда од модели на Toyota на македонскиот пазар можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог, со цени и податоци за сите марки и модели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage на пазарот во САД стартува од 25.990$, плус транспорт

Tesla ќе отвора втора фабрика во Кина