за

Kia Sportage на пазарот во САД стартува од 25.990$, плус транспорт

Американската верзија на новиот Kia Sportage исто така се позиционира повисоко во споредба со претходникот. Новото ниво X-Line е слично со европскиот GT Line.

Kia ги објави цените за моделските изведби во гамата на новиот Sportage, најдолговечното моделско име во понудата на марката на американскиот пазар. 

Тоа што важи за Европа и Азија, важи и за САД. Новиот Kia Sportage ја подигнува спецификацијата за едно ниво погоре. Понудата од моделски изведби е побогата од претходно, вклучувајќи и изведби со хибриден и приклучен хибриден погон. Две нови нивоа на опрема се X-Line и X-Pro. Американските дилери ги отвораат листите за нарачки за новиот модел.

Гамата почнува од 25.990 долари, на што треба да се додадат уште 1.215 долари за транспортни трошоци. Тоа дава вкупно 27.205 долари, или 24.350 евра, според актуелниот курс.

Моделската гама на Kia Sportage за пазарот во САД се состои од:

FWD AWD
Sportage LX $25,990 $27,790
Sportage EX $27,990 $29,790
Sportage X-Line $30,790
Sportage SX $31,490 $33,290
Sportage SX-Prestige $33,490 $35,290
Sportage X-Pro $34,990
Sportage X-Pro Prestige $36,790

На овие цени треба да се додадат уште 1.215 долари за транспортни трошоци

Новиот Sportage е дел од трансформацијата на марката, којашто се води под мотото „Movement that Inspires”. Идејата е новиот модел да им понуди повеќе од сé на возачки и возачи што веќе имаат богато искуство во поседување СУВ-модел и воедно се авантуристички расположени.

Силен печат остава новата архитектура на кокпитот, со два големи дисплеи што се поставени под заедничко и ефектно заоблено стакло, создавајќи впечаток за дисплеј што има пречник од 25 инчи, односно 63,5 сантиметри. Камера со приказ во 360 степени се вградува во повисоките нивоа. Од престижниот Sorento е познат приказот од камерите во инструментите, кога има возило во мртов агол.

Во гамата на Sportage се достапни осум системи за асистенција, вклучувајќи самостојно запирање при опасност од судир, кога на крстосница се пресекува пат на возило отспротива, како и при излегување од паркинг наназад, додека попречно наидува возило.

Петтата генерација на Sportage располага со една од најголемите просторни понуди во класата, со најмногу простор за нозе на задната клупа во класата и со најголем багажник. Платформата N3 се користи и за Sorento, што се чувствува во возењето. Каросеријата е изработена од топло пресувана ламарина, со голем удел на челична ламарина со ултра висока цврстина. Звучната изолација и потиснувањето на вибрациите исто така се на завидно ниво.

Kia Sportage веќе беше на тест во Аутомедиа, нашите први впечатоци можете да ги погледнете на следниот линк.

Седум денови во Kia Sportage: Први впечатоци

Целата понуда од модели на Kia на македонскиот пазар можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог, со цени и податоци за сите марки и модели

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel развива нова технологија на светла заедно со германски универзитет

Toyota го електрифицира транспортот: Возилата ќе патуваат со воз