за

Toyota користи три видови горива на трките во Јапонија

Водород и гориво што е CO2-неутралнo се користат во тркачките автомобили на Toyota на 5-часовните трки во издржливост, што се возат на патеката Сузука викендов.

Toyota учествува во годинешната тркачка серија Супер Таикју со три возила чиишто мотори користат различни видови горива. Јапонскиот производител на тој начин укажува на реалната можност за производство и користење горива што се СО2-неутрални, додека во исто време преку активното учество во мотоспорот стекнува искуства, што понатаму се користат за сериските модели да бидат подобри и позабавни за возење.

Сцената веќе ја познава тркачката Toyota Corolla што користи водород како погонско гориво. Таа лани извозе четири рунди во тркачката серија Супер Таикју. Во шесте месеци од првата трка до завршетокот на сезоната во ноември, јапонските инженери ги подобрија перформансите на моторот што користи водород и ги доведоа до споредливо ниво со мотор што користи класичен бензин. На крајот на сезоната, „водородната“ Corolla H2 Concept постигнуваше за 24% повисока моќност и за 33% повисок вртежен момент. Развојот годинава ќе се насочи во продолжување на досегот и во скусување на времетраењето на полнењето водород.

Годинава во серијата стартува новата Toyota GR86, којашто користи гориво што е неутрално во поглед на емисијата на СО2

Во тековната сезона, Toyota ќе учествува во прочуената јапонска серија со возило врз база на новиот GR86. Горивото што ќе согорува во моторот е произведено со нулта емисија на СО2. Моторот од 1,4-литар е изведен од шампионскиот мотор во GR Yaris, којшто служи како основа и за водородниот мотор во Corolla. Техниката ќе се развива активно во текот на сезоната.

New item by Automedia MK / Google Photos

Како е можно гориво да биде СО2-неутрално, кога при неговото согорување се ослободува СО2?

Во браншата во последните години се зборува сé погласно за СО2-неутрални горива. Станува збор за гориво за чиешто производство се користи СО2 од атмосферата. Така се постигнува баланс меѓу производството и согорувањето, односно се постигнува конечен биланс на приближно нулта емисија на стакленичкиот гас што е најмногу заслужен за климатското затоплување. Голема предност е тоа што може да се користат постоечките станици за гориво и генерално целата инфраструктура, вклучувајќи ја и доставата на горивото.

Третиот тркачки автомобил користи класичен бензин и базиран е врз GR86. Тој ќе стартува во 2-та рунда и ќе учествува во класата ST-Q во 24-часовната трка Фуџи Супер Тек. Овој автомобил ќе служи за стекнување искуства преку мотоспортот, коишто понатаму ќе се користат за сериските модели и за компонентите што се вградуваат во возилата од редовното производство.

Посебна приказна е начинот на производство на горивата

Водородот за Toyota Corolla H2 Concept пристига од Нами Таун (FH2R), каде што за производство се користи енергијата на сонцето. Дополнителна количина ќе доаѓа од погонот за производство на вородод со користење соларна енергија, во заедничкиот проект на префектурата Јаманаши, холдингот Tokyo Electric Power и корпорацијата Toray Industries.

New item by Automedia MK / Google Photos

Водородот произведен во Јаманаши моментно се користи во фабриките во префектурата. За еден час се произведуваат до 370 метри кубни водород. Енергијата доаѓа од сонцето, преку систем P2G (power-to-gas) што се наоѓа во истражувачкиот центар во Кофу. Компанијата во Јаманаши почна да работи во февруари и ќе делува во промовирање на системот P2G во земјата и странство.

Горивото се носи до патеката Сузука со камиони со погон на водород, со горивни ќелии

Водородот досега се превезуваше во метални цистерни, но во иднина ќе се користат лесни боци од вештачка смола, коишто овозможуваат транспорт на водород под висок притисок (45 MPa место 20 MPa). Тоа ќе дозволи поголема количина на водород да се довезува до тркачката патека.

New item by Automedia MK / Google Photos

Водородната Toyota Corolla H2 Concept денес троши за 20% помалку водород отколку во почетокот на ланската сезона. Развојот во тој правец продолжува. Заради скусување на полнењето, лани беше додаден приклучок за полнење од спротивната страна. Во оваа сезона ќе се зголемува притисокот на полнење водород. Брзината на полнење е ограничена, затоа што при надминување на одредена вредност се зголемува температурата на водородот. Полнењето водород оди брзо, за разлика од полнењето батерија: Една и пол минута.

Toyota лани продала 6.000 автомобили со погон на водород

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ф1-тимот на Mercedes-AMG ќе има фитнес во спиење

Фабриката на Tesla во Берлин со базен и подиум на покривот

Tesla во вторник ја отвора фабриката во Берлин