Калифорнискиот електро-специјалист Tesla дури неодамна го доби одобрението за фабриката во Гринхајде, на 20-на километри оддалечност од Берлин. За десетина денови, првите купувачи ќе можат лично да го преземат својот Model Y од фабриката.
Повеќе од 400 услови и обврски што треба да се исполнат и се наведени во завршното одобрение за фабриката на Tesla, од страна на германската сојузна покраина Бранденбург, очигледно не ги загрижуваат менаџерите на компанијата. Напротив, како што дознава американскиот портал за електромобилност Electrek, Tesla планира првите испораки на Model Y од германската фабрика да ги направи веќе на 22-ри март. Според порталот, купувачите добиле покани, на „Delivery Day“ да дојдат лично во фабриката во 15 часот, за да го преземат својот нов електричен автомобил.
По повеќемесечно исчекување и неколку одолжувања, вклучувајќи тужби од критичарите, во германската фабрика на Tesla во моментов единствено е важно продукцијата да се подигне на планираното ниво колку е можно поскоро.
Пуштањето во работа на фабриката во Берлин е од големо значење за компанијата на Илон Маск, во насока на зголемување на рентабилноста. Според тоа, фабриката не е важна само за зголемување на пазарниот удел на Tesla во Европа, туку е важна и во светски рамки.
BREAKING: Tesla is officially sending out invites to Berlin employees for Delivery Day at Gigafactory
Berlin-Brandenburg on March 22 – SourceIt’s happening y’all! Giga Berlin is about to officially start deliveries! 🥳 pic.twitter.com/0iqTQ8a514
— Sawyer Merritt 📈🚀 (@SawyerMerritt) March 9, 2022
Кога фабриката ќе го достигне капацитетот за производство на 500.000 возила годишно, тогаш од САД и од Кина ќе мора да се носат далеку помалку автомобили на европска почва. Тоа од една страна заштедува време, но е уште поважно дека се намалуваат и трошоците. Исто е клучно и тоа што фабриката во Гринхајде ќе може многу побрзо да одговара на промените во пазарната побарувачка во Европа.
Tesla Gigafactories really rock!
Starting with the Fremont factory then Giga Shanghai and now Giga Berlin & Texas! The future of vehicles is electric thanks to @Tesla @elonmusk
— Gail Alfar (Austin) (@GailAlfarATX) March 6, 2022