Сезоната во формула 1 се отвора со трката за Големата Награда на Бахраин на 19-ти март. Меѓу бројните новини во сезоната е моделската изведба на AMG GT, што и досега беше во улога на безбедносно возило. Поекстремен GT од овој нема возено во најбрзиот циркус во светот, Black Series има 730 КС и спринтува само малку послабо од болидите во Ф1.
Првпат во улога на безбедносно возило во Ф1 во претстојната сезона ќе вози екстремната изведба Black Series на Mercedes-AMG GT. Во улога на возило за итна лекарска помош ќе дебитира Mercedes‑AMG GT 63 S 4MATIC+. Тоа е најмоќната постава од безбедносни возила во Ф1 досега.
Продолжувањето на 25-годишната соработка во снабдувањето со безбедносни возила меѓу Mercedes-AMG и на Ф1 никогаш не била доведена во прашање. Особено не, откако Mercedes-AMG во последните осум години ја освојуваше титулата на конструктори осумпати. На тоа секако дека се надоврзуваат и седум шампионски титули во конкуренција на возачи.
„Со AMG GT Black Series и со AMG GT 63 S ги пуштаме на старт најсилните модели досега. Покрај тоа, во своите перформанси на патеката тие се поблиску до чистокрвни тркачки автомобили од кој било претходник“
Кристоф Зегемилер, директор за мотоспорт на Mercedes‑AMG GmbH
Коментар за новиот службен автомобил има и Бернд Мајлендер, кој од 2000 година е во улога на возач на безбедносното возило во Ф1: „Одушевен сум од тоа, колку е блиску GT Black Series до чистокрвен тркачки автомобил. Тоа е голем чекор во споредба со минатогодишниот GT R – којшто и самиот беше на исклучително високо ниво. Сон е човек да има вакво работно место во корист на безбедноста“.
Сигналните светла на безбедносниот автомобил првпат се вградени во самото возило
Двете возила се идентични со сериските возила, единствено се додадени неколку ставки поради нивната посебна задача на патеките. Голема промена е тоа што сигналните светла повеќе не се на покривот и не ја попречуваат аеродинамичноста. Светлата сега се поставени во горните рабови на ветробранот. Назад, истите се вградени во спојлерот.
https://photos.app.goo.gl/yuHtcZG9RSyvR59aA
Напред во висината на штитниците за сонце се поставени по три мали светилки во портокалова боја и една голема во зелена боја. Во задниот спојлер се наоѓаат 13 светилки: По три лево и десно што светат постојано и седум во средина, што работат со трепкање и се вклучуваат по потреба. На тоа следат уште четири светлечки модули во зелена боја. Во десниот држач на спојлерот се вградени две мали камери, што ја пренесуваат сликата во кокпитот. Едната камера е наменета како електронски ретровизор за совозачот, додека другата камера пренесува ТВ-слика во живо. Во задните стакла е поставен и по еден светлечки модул во портокалова боја, на којшто пишува SC (Safety Car).
Introducing the new official @fia Safety Car and Medical Car for the 2022 @F1 season! ❤️🤩
Loving the @MercedesAMG GT Black Series and the AMG GT 63 S 4MATIC+ 👊 pic.twitter.com/ruEwoDmXNA
— Mercedes-AMG PETRONAS F1 Team (@MercedesAMGF1) March 8, 2022
Импресивни се перформансите на Black Series, врвниот модел во серијата GT. Купето со 730 КС спринтува до темпос то за 3,2 секунди, крајната брзина изнесува 325 km/h. Важно е безбедносниот автомобил да постигнува високи перформанси и да поседува врвни возни својства, за да не ги забавува премногу болидите зад себе, што би довело до ладење на моторот и на гумите.
Сите безбедносни автомобили на Mercedes‑AMG во Формула 1
1996 · C 36 AMG (W 202)
1997-1999 · CLK 55 AMG (C 208)
2000 · CL 55 AMG (C 215)
2001-2002 · SL 55 AMG (R 230)
2003 · CLK 55 AMG (C 209)
2004-2005 · SLK 55 AMG (R 171)
2006-2007 · CLK 63 AMG Black Series (C 209)
2008-2009 · SL 63 AMG (R 230)
2010-2012 · SLS AMG (C 197)
2012 (ГН Германија) – 2014 · SLS AMG GT (C 197)
2015-2018 · Mercedes‑AMG GT S (C 190)
2019-2021 · Mercedes‑AMG GT R (C 190)
2022 · Mercedes‑AMG GT Black Series (C 190)
Сите официјални возила на Mercedes‑AMG за итна лекарска помош во Формула 1
https://photos.app.goo.gl/VupXcJWQPbKkoB83A
1996 · C 36 AMG (W 202)
1997 · C 36 AMG (W 202); E 60 AMG (W 210)
1998-2000 · C 55 AMG T-Modell (S 202)
2001-2003 · C 32 AMG T-Modell (S 203)
2004-2007 · C 55 AMG T-Modell (S 203)
2008-2014 · C 63 AMG T-Modell (S 204)
2015-2021 · Mercedes-AMG C 63 S T-Modell (S 205)
2022 · Mercedes-AMG GT 63 S 4MATIC+ (X 290)
https://youtu.be/JWaz9HVgDeY
















