Tesla воведува трета смена во својата фабрика во Германија

Фабриката на Tesla во месноста Гринхајде во близина на Берлин, почна да произведува автомобили во три смени. Компанијата оди на уште побрзо зголемување на производството на своите возила во Европа.

Воведувањето трета смена се подготвуваше од декември лани и веќе е реализирано, објави берлинската телевизиска станица rbb.

Најдени се обучени работници за третата смена, изјави за rbb Јохем Фројер, шефот на локалната државна агенција за вработување. Во моментов се бараат само квалификувани работници.

Фројер очекува дека Tesla за време на викендите ќе воведе и четврта смена.

Во фабриката во Берлин во моментов работат околу 10.000 лица, кои прозиведуваат со динамика од приближно 5.000 возила неделно. Тоа соодветствува на годишна продукција од 250.000 возила.

Целта на извршниот директор Илон Маск е годишна продукција од 500.000 возила. Откако ќе се постигне таа цел, производителот планира да ја прошири фабриката. Во подолг рок, целта е годишната продукција да се зголеми на еден милион возила.

Овие планови ќе се објават во четврток, за да може да се земат предвид евентуалните приговори, објавува дневникот Märkischer Oderzeitung.

Tesla во првите три месеци од годинава испорача 422.875 возила, откако во јануари ги скуси цените до 20 проценти.

Претходна објаваKia планира да продаде 1,6 милион електрични автомобили во 2030 година
Следна објаваДистрибутерот за Liqui Moly со 10% раст во првата година како засебна компанија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here