Kia планира да продаде 1,6 милион електрични автомобили во 2030 година

Според последните податоци, во Тексас се регистрирани близу 280.000 возила со батериски електричен и приклучни хибриден погон.

Поттикната од успешното лансирање на новата генерација целосно електрични возила, Kia уште толку ги зајакнува своите амбиции и поставува нова цел, за повеќе од една половина од својата продажба ширум светот во 2030 година да ја постигнува со хибридни и електрични возила. Тоа е дел од генералниот план, за вкупната продажба на Kia до поставениот рок да се зголеми за 34 проценти и да достигне 4,3 милиони возила.

Извршниот директор на Kia, Хо Сунг Сонг ја објави новата визија за време на редовното годишно претставување на резултатите на компанијата пред инвеститорите.

Планот на корејскиот производител на возила е во 2030 година да достигне продажба од 2,38 милиони хибридни и електрични возила.

Тоа претставува зголемување за 300.000 возила во споредба со целта што Kia ја постави минатата година.

Чисто електричните возила ќе учествуваат во оваа бројка со 1,6 милион примероци во 2030 година. Сонг нагласи дека Kia до 2027 година ќе ја прошири својата понуда од чисто електрични возила на вкупно 15 модели.

По лансирањето на популарниот кросовер EV6, Kia годинава планира да го пушти во продажба целосно електричниот СУВ со три реда седишта EB9, како нов знаменосец на марката.

Во среден рок е во план на пазарот да се стартува и со помал кросовер со ознака EV5, најавуваат од Kia.

Очекувањата на Kia за годинава е да се продадат 258.000 електрични возила. Новата поставена продажна цел на Kia за 2030 година е повисока во споредба со 1,2 милион чисто електрични возила што беа поставени како цел во минатата година.

За да го постигне претстојниот бум во електричните возила, Kia в година ќе ја отвори првата фабрика наменета исклучиво за електрични возила, во Кванмен, во близина на Сеул.

Во 2024 година, Kia исто така ќе започне со локално производство на клучни електрични модели во САД. Корејскиот гигант најави и дека во Европа ќе произведува електрични возила од компакт и од средната класа.

Планот е Kia во 2030 година да постигнува 53 проценти од вкупниот корпоративен профит од електрични возила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kia Worldwide (@kia.worldwide)

Големиот оптимизам во Kia доаѓа во време кога во целата бранша расте ентузијазмот за електричните возила. Производителите на автомобили од Европа, Јапонија, САД, постојано ги зголемуваат своите продажни очекувања, како резултат од зголемената побарувачка за електрични возила, како и од државните прописи и субвенции со коишто се поттикнува развојот и усвојувањето на оваа погонска технологија.

Префрлувањето на електрификација исто така ќе придонесе за Kia да го унапреди имиџот на својата марка, додава Сонг.

„Во 2021 година, Kia мина низ целосна трасформација на своето корпоративно име, лого, продукти и дизајн, како и на корпоративната стратегија. Како резултат, вредноста на нашата марка се зголеми значително,“ наведува Сонг во соопштението од компанијата. „Kia мора да продолжи со своите напори да го зајакне идентитетот на марката Kia.“

Гледано во целина, преку својоот брз раст, Kia очекува глобалната продажба да достигне 4,3 милиони возила во 2030 година. Тоа е за 34 проценти повеќе од продажната цел од 3,2 милиони возила, што е предвидена за 2023 година, посочува Сонг.

При претставувањето на корпоративната стратегија на Kia за следните години, Сонг зборуваше и за деталните планови, за неговиот бизнис со т.н. наменски произведени возила (PBV, Purpose Built Vehicle).

Kia во 2025 година ќе лансира таков PBV од средна класа, како модел наменет за фирми со големи возни паркови. За понатаму, планот е да се прошири понудата, со роботско такси што ќе користи автоматско возење.

Сонг најави и дека Kia ќе нуди моделски изведби со високи перформанси, како ниво GT, од сите свои идни електрични модели.

Претходна објаваКако навигацијата на Lexus помага да се заштеди горивото?
Следна објаваTesla воведува трета смена во својата фабрика во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here