Системот се нарекува Predictive Efficient Drive и има задача, во моделите на Lexus со хибриден и приклучен хибриден погон, да ја оптимира работата на погонот за да се постигне колку е можно пониска потрошувачка на гориво.
Lexus, премиум марката на Toyota, во изминативе 18 години постојано го доведуваше хибридниот погон до следниот степен на совршенство, како што напредуваа технологијата и инженерската експертиза. Владеењето со хибридниот погон достаса до тој степен, што сега и навигацијата учествува во погонот, односно помага да се намали потрошувачката на гориво, а со тоа и загаденоста на воздухот.
Хибридниот погон не се сведува единствено на штедење, туку носи предности и во бројни други подрачја, почнувајќи од мазното возење, преку моќното повлекување, до издржливоста и ниските трошоци на одржување.
Со користење помош од апликацијата Lexus Link, во повеќето модели на Lexus со хибриден и приклучен хибриден погон, во коишто фабрички е вграден систем за навигација, се добива дополнителна функционалност на системот. Навигацијата ги учи рутите што возачот ги минува редовно, исто како што го учи и нејзиниот или неговиот стил на возење.
Во исто време, системот ги чита податоците за сообраќајот во реално време, што ги добива онлајн, за да ги искористи истите и да постигне заштеда на горивото. Сите тие податоци се користат за да се оптимизира полнењето на батеријата во возењето, односно за енергијата во батеријата да се искористи за погон на возилото.
Податоците од системот за навигација помагаат за Predictive Efficient Drive да ги утврди местата на коишто често се запира нагло, за системот во тие моменти да го зголеми повратокот на енергија. Системот исто така ги користи информациите дека се наидува до застој на патот, за уште претходно да почне да ја полни батеријата, и на тој начин, вклучувањето на моторот во застојот да се сведе на најмала можна мера.
Покрај тоа, технологијата ги анализира условите во сообраќајот или па патот, како што е надолнина или нагорнина, односно возење во град или по автопат, за да ги нагоди полнењето и празнењето на батеријата, со цел да се смали потрошувачката.
Ефикасноста на системот се зголемува како што се зголемуваат километрите пат со вклучена апликација.
Системот Predictive Efficient Drive беше воведен во гамата на Lexus во новата генерација на NX со хибриден и приклучен хибриден погон, а наскоро тој ќе почне да се применува и во останатите модели на луксузната марка.